1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блокада на судот во Косовска Митровица - пресудата одложена

ЖА/миа/бета28 март 2013

Изрекувањето на пресудата за шестмината обвинети Срби во Косовска Митровица денеска е одложена поради тоа што Србите извршија блокада на судот.

https://p.dw.com/p/185lV
Фотографија: DW/Z. Vlaskovic

Портпаролот на Еулекс, Ирина Гудељевич, за Танјуг изјави дека денешното изрекување на пресудите за шестмината Срби, обвинети за мартовските немири од 2008 година во Косовска Митровица, е одложена поради собирањето на граѓани пред зградата на Основниот суд во овој град.

Косовските Срби, кои утринава, пред седум часот, го блокираа влезот во зградата на Основниот суд во северниот дел на Косовска Митровица и натаму се наоѓаат пред судот, а со нив е и оопштинското раководство и началникот на округот Раденко Недељковиќ.

Јаки полициски сили на Еулекс, кои пред 7 часот пристигнаа пред зградата на судот, не можеа да влезат во него бидејќи Србите ги оневозможија во намерата. Шестмината Митровчани се осомничени за учество во мартовските немири од 2008 година, а на товар им се ставаат најмалку 20 кривични дела. Осомничените се товарат за нелегално заземање на судот во северниот дел на Косовска Митровица, повик на отпор, попречување на службено лице во вршењето на службена должност, учество во толпа што врши кривично дело, загрозување на ОН и придружниот персонал.

Случајот е поврзан со мартовските настани од 2008 година, кога дојде до затворање на судот откако имаше судир меѓу меѓународните сили и Србите.

Во текот на инцидентите што следеа загина еден украински полицаец, а беа повредени 64 полицајци на УНМИК, 24 припадници на КФОР и околу стотина српски демонстранти.