1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

БНД предупредува од финансиска помош за Кипар

АТ/ Шигел/ ртр/ афп4 ноември 2012

Меѓународна спасувачка акција за кипарските банки, според германскиот магазин „Шпигел“ би била добредојдена пред се’ за руските конта со пари на црно. Неделникот цитира од еден алармантен извештај на БНД.

https://p.dw.com/p/16caD
Фотографија: dapd

Според сознанијата на Германската тајна служба (БНД) руски државјани во кипарските банки депонирале 26 милијарди долари (20,3 милијарди евра). Оваа сума е поголема од годишниот стопански учинок на островската држава. Средства, кои би биле осигурани доколку кризната банкарска бранша на Кипар во наредниот период би добила поддршка од европскиот спасувачки чадор, цитира магазинот „Шпигел“ делови од извештајот на БНД.

Кипар во јуни поднесе барање за помош до Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Имено големи загуби претрпеа кипарските банки, кои се тесно поврзни со грчките банки и кои беа тешко погодени поради бришењето на долговите на приватните доверители на Грција, пролетта годинава.

Експертите проценуваат дека на владата во Никозија ќе и бидат потребни околу десет милијарди евра. Преговорите со евро-партнерите и ММФ за реформскиот курс се отегнуваат. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле неодамна појасни, дека не очекува дека тие ќе завршат пред 2013 година. Кипар во 2004 година стана членка на ЕУ, а во 2008 година го воведе еврото.

Место за перење пари

Во својот извештај БНД, според „Шпигел“, забележува дека Кипер „се’ уште нуди можности за перење пари“. Форманло средоземноморската земја се придржува до сите договори за борба против перењето пари. Формирани се соодветни институции. Проблеми има при спроведувањето на законите.

Перењето на пари е олеснето со дарежливите можности за богатите Руси да добијат кипарско државјанство, цитира „Шпигел“ од извештајот на Тајните служби на Германија. На овој начин 80 олигарси си овозможиле слобода за престој во целата ЕУ.

Финансиски шприц само под одредени околности

Германските социјалдемократи се алармирани и предупредуваат од безусловна исплата на меѓунардона помош во висина од милијарди. „Не можеме со парите на германските даночни обврзници да ги осигураме влоговите од руските пари на црно во кипарските банки“, изјави експертот за буџет од СПД Карстен Шнајдер за „Шпигел“. „Пред СПД да се согласи за кредит за помош за Кипар мора да се разговара за трговскиот модел на земјата“, дополнува Шнајдер.