1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Богов не очекува повлекување на заштедите во евра

16 јануари 2012

Македонските граѓани не треба воопшто да се загрижуваат доколку еврото загуби од вредноста во однос на доларот, порача Гувернерот на Народна Банка на Македонија , Димитар Богов.

https://p.dw.com/p/13kVT
Димитар Богов, Гувернер на Народна Банка на МакедонијаФотографија: Agentur Makfax

Соодносот долар-евро е подложен на промени, но тоа треба многу да ги засега македонските граѓани оцени денеска (16.01.2012) гувернерот Димитар Богов замолен да даде коментар во врска со најновиот пад на вредноста на еврото во однос на американскиот долар.

Богов за илустрација напомена дека во изминатите години доларот за 50 отсто загуби од вредноста во однос на еврото, но тоа македонските граѓани не ги направи побогати, па така и сега доколку курсот оди во обратна насока, никој нема да се почувствува посиромав.

„ Бран на повлекување на заштедите во евра кај нас не очекуваме. Во секој случај соодносот денар- евро ќе остане стабилен и натаму, така да нема простор за загриженост“, рече Богов.

Mazedonien Land und Leute
Народна БанкаФотографија: DW/Medana Weident

„До март ќе се знае повеќе за еврокризата“

Според него, намалениот кредитен рејтинг на девет европски држави во голем дел било очекувано и перцепирано од финансиските пазари и нема да предизвика некои посебни промени.

Покрај овие негативните случувања, Богов оцени дека во последните недели има и низа позитивни случувања во еврозоната, особено околу должничката криза

„Таму се уште многу работи се решаваат, во тек се разговорите, до крајот на месецот веќе ќе имаме многу повеќе информации, а до март веќе ќе се знае во која насока ќе за развива должничката криза“, рече Богов.

Иванов со пофалби за работата на НБМ

Богов денеска во Скопје имаше средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов на која главни теми беа макроекономска состојба во државата,
случувањата во еврозоната и можните импликации од кризата врз македонската
економија.
Претседателот Иванов по посетата на НБМ искажа пофалби за работата на оваа
институција и заклучи дека општата економска состојба во државата е стабилна
„Политика што ја води Народната банка, што може да се види преку
постигнатите резултати, заслужува пофалба“, изјави Иванов, кој за прв пат
беше во посета на централната банка.
Тој информираше дека од страна на гувернерот Димитар Богов и неговите
соработници бил запознат со политиките што ги води НБМ и за општата состојба
во економијата и банкарскиот сектор.
Иванов изрази задоволство од фактот што буџетскиот дефицит и задолженоста
кон странство се на ниско ниво, како и од фактот што денарот останува
стабилен, а банките успешно ги поминале стрес тестовите.

Автор: СН/АМ/макфакс

Редактор: Симе Недевски