1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Божикно празнување под вода

М.Штефген/ С.Недевски 23 декември 2012

Нуркачката група „Јети Дајверс“ досега спрoведе повеќе необични акции под вода. Годинава тие китат елка во базен, и тоа за доброволни цели.

https://p.dw.com/p/1762l
Фотографија: AP

Божикните празници се ближат, а местата каде ќе се слават стануваат се пооткачени. Во малото германско место Бернкастел Кис тоа треба да се случи во еден базен - и тоа под вода. Идеја на нуркачката група „Јети Дајверс“. За таа цел тие специјално ја препарираат оваа елка. Конечно таа треба да стои неколку дена во пет метри длабочина. Тешка задача.

„Најнапред важна е тежината, дрвото да биде доволно тешко, за да остане долу. Потоа нормално е важно од дрвото да не се одронуваат нешта, кои потоа ќе ја извалкаат водата. И тука голем предизвик е да се најдат светилки, кои ќе светат и под вода“, вели нуркачот Михаел Хуберц.

Тоа со светилките барем функционира.

Членови на нуркачкото здружение обожуваат вакви необични акции. Еднаш тие монтираа велосипед под вода.

Лани тие добро ја намокрија германската винска кралица на првата подводна дегустација на вино во светот.

Годинава пак под вода треба да настане комплетна божикна атмосфера. Нуркачот Вернер Ламберти за тоа вели: „Ние сме купче откачени луѓе и се забавуваме во слободното време. Сите имаме стресна работа и сакаме малку да се опуштиме во слободното време. И предизвик е да се направи нешто поинакво“.

Како на пример да се нурка како Дедо Мраз. Еден час им беше потребен на спортистите за целокупната декорација. Елката инаку е од пластика. Вистински наспроти тоа се овие топки и подароците под елката. А не смее да недостасува ниту ангел.

„Многу е тешко зашто моите крила на пример се залепени и со водните струења настанува голем рез. Значи морам да внимавам да не ми се раскинат. Тоа веќе е многу тешко. И друга работа е што не можам вистински да се спуштам до долу. Што значи дека сега мораме да набавиме олово“, вели подводниот ангел Родлер.

А за сите што сега се прашуваат, чуму сето ова, одговорот гласи - за добротворни цели. Со божикната подводна акција, „Јети Дајверс“ сакаат да соберат донации за еден социјален проект. Па тогаш - среќен Божик.