1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Божик во Берлин

Силвера Падори7 јануари 2006

Три гемнерации Македонци кои живеат во престолнината според старите обичаи го прославија Бадник и Божик

https://p.dw.com/p/AcA0
Без сопствена црква, Македонците од Берлин користат изнајмен објект и веруваат дека ќе успеат да обезбедат пари за купување сопствен храм
Без сопствена црква, Македонците од Берлин користат изнајмен објект и веруваат дека ќе успеат да обезбедат пари за купување сопствен храм

Со поздравот “Христос се роди ! За многугодини’’ и желби за добро здравје, љубов и берикет денес на пладне во црквата на Леополд Плац , стотината Македонци кои живеат во Берлин и околината и сите Христијани во светот кои денес го слават големиот празник, ги поздрави протаставрофор Методи Лазаревски кој ја оддржа традиционалната божиќна литургија. Христовото раѓање први го поздравија небесните ангели со песната “Слава во висините на Бога, а на земјата мир меѓу луѓето и добра воља’’. Според Лазаревски ова е химната на денешниот празник што треба секој да ја пее во својот дом, бидејќи е нешто што е најсодржано од целатаб света богослужба. На богослужбата присуствуваа три генерации Македонци - од оние кои во Германија пристигнале пред безмалку четири децении, па обичаите од татковината самите ги негувале, до втората генерација која веке има свои семејства и свој пород. Дека традицијата добро се негува говори фактот што секој без исклучок знае за значењето и Божиќ го идентификува како:раѓањето на Исус, нов живот, љубов, веселба...

Раѓањето Христово домакините го одбележаа како што научиле.Како велат како треба и каква ер традицијата, со месење лебче со паричка и негово делење.Некои, пак, чии деца веќе заминале од домовите токму за Божиќ ја чувствуваат разделеноста од семејството и туѓината , па велат: “Ние сме сами, немаме никого тука од фамилја па се јавивме поб телефон да честитаме. Синоќа и на Бадник бевме сами’’.

Синоќа во многу домови се делеше бадниковата погача и во црквата денес луѓето кажуваа кој ја добил паричката. Иако начинот на делењето на погачата е како во старите времиња, во некои семејства се чувствува влијанието на модерното живеење....“Кај кого ќе биде паричката, тој член ќе треба посебно да се чува...Дали е тоа Господ, куќата, имотот...Кај нас паричката се падна во колата, па морам годинава повеќе да ја чувам’’.

Божиќната литургија траеше полни два часа. Многу Македонки со домакините на богослужбата останаа само кусо зашто како кажаа треба да го доспремат божоќниот ручек кој за разлика од бадниковата вечера е мрсен: главно печено месо или сарма!

По причестата и крајот на литургијата, со желби за добро здравје, радост и делење на погачи и слатки, Македонците од Берлин со бадникови гранчиња и нови календарчиња заминаа од црквата на Леополд Плац со желби дека можеби наредниот Божиќ ќе имаат свој сопствен македонски православен храм во престолнината.