1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Божиќни пораки: Мир во светот и почитување на семејството и децата

25 декември 2006

Западниот свет денеска го слави раѓањето христово или божиќ. Во измината тивка или света ноќ, многу семејства по традиционална вечера и возбудливото отворање на подароците замина в црква да го дочекаат Христовото раѓање.

https://p.dw.com/p/Ac0e
Западниот свет го слави Божиќ
Западниот свет го слави БожиќФотографија: AP

Во име на најсветиот празник поглаварите и политичарите во светот испратија пораки за мир и помирување. Најгалсни пораки за мир пристигнаа од Витлеем, местото на раѓањето на Исус. Таму денеска стотици верници се собраа на плоштадот во градот кој е накитен со многу божиќни дрвца, а многумина се веќе во црквата на раѓањето во која се верува дека се родил Исус. На синоќешната традиционална полноќна миса латинскиот патријарх Мишел Сабах, ја осуди братоубиствната војна меѓу Палестинците и ги повика политичарите во регионот и во светот да преземат конкретни чекори за заживување на мировниот процес. И поглаварите на двете најголеми цркви во Германија, католичката и евангелската во своите божиќни пораки повикуваат на мир на Блискиот исток, но и ја истакнуваат важноста на добирите меѓучовечеки односи и вредноста на семејството. Католичкиот кардинал Леман во обраќањето во катедралата во Мајнц побара да им се даде поголема помош на изнемоштените, а ја нагласи важноста на семејството и радостите меѓу кои се и моментот на раѓање на едно дете или пријателството. Поглаварот на евангелистичката црква бискупот Хубер повика на подобрување на меѓучовечките односи во секојдневниот живот и побара семејството и децата да добијат централна улога во општетството.

Децата беа оние кои најмноги му се радуваат на доаѓањето на божиќ. Традиционално бебето исус ним им носи многу подароци кои вчера вечер ги отвораа под елката. Германската канцеларка Ангела Меркел во божиќната порака изјави дека многу поважно од подарувањето во ова време е да се одвои време за луѓето на кои им треба помош.

“ Веројатно поважно од подароците е да одвоиме време за луѓето кои имаат грижи, за луѓето коишто се болни, за луѓето кои во нашето општетсво живеат сами. Јас ви посакувам да си го пронајдете мирот и ова слободно време”, рече канцеларката Меркел.