1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бомбашки напад врз туристи во Египет

АТ/афп/ртр/дпа/кна/ап16 февруари 2014

На египетскиот полуостров Синај при напад врз група турусти загинаа неколку лица, а повеќемина се повредени.

https://p.dw.com/p/1BA20
Фотографија: imago/Xinhua

Според првичните податоци на египетските безбедносни кругови, автомобил бомба експлодирал во непосредна близина на автобус со туристи од Јужна Кореја. Експлозијата се случила кратко откако автобусот ја минал границата од Израел кон Египет кај Таба. При детонацијата три лица го загубиле живот, а најмалку 13 лица биле повредени. Меѓу жртвите се претпоставува дека е и египетскиот возач. Во патничкиот автобус се наоѓале околу 30 туристи. Засега нема информации кој стои зад нападот.

Градот Таба, кој се наоѓа јужно од израелското одморалиште Еилат е место кое го посетуваат голем број туристи и аџии. Целта на групата туристи бил православниот манастир Света Катарина на Синај.

Египетската армија по падот на претседателот Мохамед Мурси изминатиот јули започна офанзива против исламистичките терористи на северот на полуостровот. Одморалиштата Таба, Дахаб, Нуваиба и Шарм ел Шеик, кои се наоѓаат на југот на Синај досега се сметаа за релативно сигурни.