1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Борбата за моќ со движењето- Ѓулен го загрозува Ердоган"

Д.Шерле/С.Недевски,дпа23 декември 2013

Корупциски скандал ја потресува Турција. Во него многумина гледаат ескалација на борбата за моќ меѓу исламското движење Ѓулен и исламско-конзервативната влада на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

https://p.dw.com/p/1Aeyi
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP

Турската полиција со водени топови и солзавец дејствуваше против демонстрантите кои вчера протестираа во Истанбул барајќи оставка на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тие се спротиставија и на отпуштањето на околу 70 високи поициски сужбеници како реакција на владата на истрагите за корупција кои допреа до најблиското политичко опкружување на Ердоган. Тој пак уште еднаш ги предупреди неговите противници да не ја користат полициската антикорупциска акција за „поткопување на неговата власт“, закануваќи се дека во спротивно „ќе крши раце“.

Распределба на богатството

Многу набљудувачи тврдат дека тој притоа мисли на движењето на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен (на насловната фотографија заедно со Ердоган), кој живее во САД: „Порано владата и и движењето Ѓулен тесно соработуваа за да ја заслабнат секуларно насочената елита во државата и пред сѐ да го ограничат влијанието на војската врз политиката“, вели во интервју а ДВ германскиот експерт за Турција во Гинтер Зојферт од Фондацијата за наука и политика од Берлин. Според него за денешните разликимеѓу движењето Ѓулен и владата предводена од конзервативната партија на Ердоган АКП има повеќе причини: „Движењето - посилно отколку што владата веруваше- го зголеми своето влијание врз државниот апарат. Истовремено движењето на Ѓулен не се состои само од училишта и кадри во бирократијата туку и од претприемачи кои сакаат повеќе да профитираат од плодовите на државата- јавните набавки, мерките за субвенција на надворешната трговија и доделувањето на дозволи за градба на државно земјиште. Значи има многу големо богатство за распределба и околу ова богатство сега се разгорува конфликт меѓу двете сили “, објаснува Зојферт.

16.05.2013 DW Quadriga Guenter Seufert
Експертот за Турција Гинтер Зојферт

Нема идеолошки разлики

Припадниците на религиозното движење на Фетулах Ѓулен сега водат сопствена политика- во бирократијата, полицијата, но и во правосудството, војската како и министерството за внатрешни работи. Оваа политика, според Зојферт, во прв ред има за це да ја заслабне владата и да испрати истрели на предупредување, зашто движењето се чувствува загрозено од неа.

„Актуелната борба за моќ веќе сега во секој случај ги загрозува Ердоган и неговата партија. Токму со откривањето на овие случаи на корупција од семејното опкружување на министри во владата страда угледот на владата на АКП кај избирачите. Ердоган со задоволство ја претставува АКП како партија која никогаш нема да биде корумпирана и овој имиџ значително придонесе за нејзиниот успех. Ако сега на АКП се гледа како на еднакво корупмпирана партија како и нејзините претходнички, тоа е решавачки удар против Ердоган, кој ќе води кон тоа АКП да добие помалку гласови на изборите. Со жестоките реакции на протестите минатото лето Ердоган го навлече гневот на либералните Турци, а корупцискиот скандал сега го оптоварува и односот на владата со муслиманско-конзервативното население“, вели Зојферт.

А всушност, вели тој, на идеолошки план нема никакви разлики меѓу движењето на Ѓулен и АКП. Двете сили имаат јак муслимански идентитет, социјално-морално се поставени конзервативно и се залагаат за силен турски национален идентитет. Има меѓутоа важни политички разлики, пред се‘ во однос на курдското прашање и за односите кон Израел и САД. Движењето Ѓулен не го дели критичкиот став на владата кон Израел и кон САД, истакнува Зојферт