1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борба за лидер кај француските конзервативци

ЖА/дв/дпа/миа19 ноември 2012

Во француската конзервативна опозициона партија УМП, Унија на народно движење, се води спор околу изборот на нејзиниот нов шеф. Двајца политичари Франсоа Фијон и Жан-Франсоа Копе се прогласија за победници.

https://p.dw.com/p/16lOR
Фотографија: dapd

Во француската конзервативна опозициона партија УМП, Унија на народно движење, се води спор околу изборот на нејзиниот нов шеф. Екс-премиерот Франсоа Фијон и долгогодишниот генерален секретар Жан-Франсоа Копе се прогласија двајцата за победници во изборите за лидер на партијата. 48-годишниот Копе вчера прв ја прогласи победата. Кратко потоа и 58-годишниот Фијон соопшти дека победил со 224 гласови предност, притоа признавајќи дека резултатот се‘уште не е потврден од Изборната комисија. Партиската раководна функција во УМП важи за отскочна штица за кандидатура за претседателската функција во Франција. Во изборот на новиот партиски шеф на конзервативците беа повикани околу 300 илјади членови.

УМП немаше претседател од 14. мај 2007. година, зашто осум дена по изборот на Никола Саркози за претседател на Франција, тој го напушти претседавањето со партијата која го донесе на власт. Пет години партијата помина без претседател, за што беше изменет и статутот, период за време на кој кормилото на партијата беше во рацете на генералниот секретар. Таа функција од 2007. до денес, ја извршуваа Патрик Девеџиан, Ксавие Бертран и Жан-Франсоа Копе.

Поранешниот премиер Франсоа Фијон се преставува како најдобар кандидат на опозицијата за да го победи Франсоа Оланд на претседателските избори во 2017. година. Тој исто така мисли дека тој е кандидат кој обединува пошироко од редовите на УМП.

Жан-Франсоа Копе има повеќе искуство во раководењето со партијата, но за време на предизборната кампања тој продолжи да се служи со реториката на Никола Саркози од крајот на претседтелската камапања. Односно, тој на повеќе наврати зазеде позиции кои ја приближуваат УМП до идеите на Националниот Фронт.