1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борба против пиратеријата

11 септември 2007

Саемите во принцип наликуваат на острови со богатство. Таму се појавуваат иновации, светски новости и мостри на идни прозиводи. Но, на тој остров има и пирати.

https://p.dw.com/p/BZG4
Прашањето гласи: оригинал или копија?Фотографија: IFA

Саемот во Франкфурт, хала 4. Во средината на саемскиот комплекс се наоѓа штандот „Саем Франкфурт – центар против копии„. Таму е и Летиција Евагињон, уметник – дизајнер од Париз и посматра едно кожно синџирче. Нејзин личен дизајн, а сепак на него пишува „Мејд ин Тајланд„:

„Точно е копиран мојот дизајн, До последниот елемент. Произведен е во Тајланд, но тоа е токму моето синџирче. Се е идентично. Ништо не е променето„.

Нејзините африкански синџирчиња се поединечни парчиња. Пред една година во Париз на една колешка и продаде пет за 100 евра по парче. Сега во Франкфурт се продаваат за нецели 40 евра.

Барбара Вајцекер ги советува излагачите како Летиција за нивните анти-копир права. Таа соработува со царината и службата за патенти. Оттаму, нејзиното прво прашање е дали Летиција ги патентирала нејзините синџирчиња. Само така дизајнерите имаат шанса да добијат на суд. Меѓутоа Летиција не го направила тоа. Нема ниту доказни фотографии. Само сметката за продажбата и визит-карта. Не е осамен случај, вели Барбара Вајцекер:

„Многумина доаѓаат така на саемот. Мали фирми што имаат сопствен дизајн или некоја идеја и мислат дека ќе го продадат својот прозивод. Ним не им е јасно дека саемите се светски пазар. Секако дека се собираат идеи, но има многу фирми кои доаѓаат по сосема други работи„.

До пред неколку години, многумина дизајнери од страв од пиратерија воопшто не доаѓаа на саемот. Голмите излагачи повторно се вратија што треба да и се припише на успешната анти-пиратериска иницијатива, вели Детлеф Браун, шеф на саемот во Франкфурт:

„Ако ја земеме како пример 2006 година, имавме вкупно 5 илјади излагачи на различни саеми. Од нив илјада побараа совети. Бројот на одземања, што е барометарот за нашиот успех, е двоцифрен во однос на преходната година, што е добар биланс„.