1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борба против сиромаштијата

26 април 2004

Светската банка констатира незадоволителен биланс во борбата против сиромаштијата. За да се достигнат целите договорени во 2000-тата година потребно е засилување на напоrите како во индустријата така и во земјите во развој

https://p.dw.com/p/AeRV

Германската министерка за економска соработка Хајдемари Вичорек Цојл најави дека Германија до 2007 година ќе го дуплира своето учество за основното образование во земјите во развој. Една од целите што ги зацрта меѓународната заедница до 2015 година е дека секое дете на овој глобус најмалку да има пристап до основното образование. Меѓутоа, многу од најсиромашните земји се далеку од тоа. Оттаму, некои индустриски развиени вчера на годишното заседание на Меѓународниот монетарен фонд, меѓу нив и Германија, ветија дополнителни финансиски средства:

“Сите деца до 2015 година година да имаат пристап до основното образование е најважната инвестиција во иднината на децата, но исто така и во иднината на овие земји во развој. Ја поддржуваме оваа забрзана иницијатива и ветивме наштите средства во оваа област до 2007 година да ги зголемиме на 120 милиони евра“.

Всушност сумата е скромна. Холандија најави во наредните три години за оваа цел да стави на располагање 600 милиони евра. Вкупно за оваа област недостигаат околу 5 милијарди долари. Притоа станува збор за само една од амбициозните цели, зашто следната е на пример, пристап кон чиста вода за пиење или за намалување за половина на сиромаштијата. Претседателот на Светската банка Џејмс Волфенсон смета дека недостигот на средства за тие цели изнесува вкупно 50 милијарди долари:

“Земјите во развој мораат да ги изградат своите капацитети во реформите на правниот систем и во финансискиот сектор за да можат ефикасно да се борат против корупцијата. Богатите земји мораат да помогнат со тоа што ќе ги отворат своите пазари и да направат повеќе во развојната помош, меѓу другото и прашањето на долговите“.

Според Волфенсон, на повидок е консензус меѓу Светската банка и ММФ барем во тоа во иднина за најсиромашните земји повеќе средства да се обезбедуваат во форма на додатоци, а не преку кредити, идеја што посебно ја поддржуваат САД.