1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борби за Мисрата

28 април 2011

Либиските бунтовници денеска ги продолжија борбите против силите на Моамер Гадафи. Најжестоките престрелки утринава се водеа околу пристаништето во градот Мисрата, а потоа продолжија и на главниот аеродром во градот.

https://p.dw.com/p/115MZ
Фотографија: AP

Борците на либиската опозиција се убедени дека победата им е многу блиску и дека ќе успеат повторно да ја преземат контролата врз стратешки значајниот град Мисрата. „Нашите војници успеаjа да ги протераат трупите на Гадафи надвор од градот“, изјави претставник на преодната власт на синоќешната прес-конференција. Тој сепак нагласи дека војниците на либискиот диктатор се` уште се наоѓаат во предградијата на Мисрата, од каде го бомбардираат пристаништето.

Страв од хемиското оружје на Гадафи

Krieg in Libyen
Борбите траат веќе седум неделиФотографија: AP

Во меѓувреме, лидерите на опозициското движење во Либија уште еднаш побараа од Западот да ги снабди со соодветно оружје, предупредувајќи дека Гадафи би можел да посегне и по хемиско оружје, со цел да остане на власт. Абдулфатах Јунис, поранешен министер за внатрешни работи во владата на Гадафи, а сега на страната на востаниците, соопшти дека диктаторот се` уште располага со хемиско оружје и побара од Западот да стори се`, за да не дозволи Гадафи да го употреби.

Јунис истовремено нагласи дека востаниците досега добиле само „мало количество“ оружје од западните земји и дека неговите соборци се` уште чекаат на соодветно вооружување. „Се разбира, зборуваме за тешко вооружување, како воени хеликоптери, антитенковски гранати, како и воени бродови со торпеда.“

ОН, пак, соопштија дека во Либија синоќа пристигнал меѓународен тим од три члена, кој треба да ја води истрагата околу насилството и смртните случаи во земјата, откако силите на Гадафи почнаа со задушување на востанието против него.

Автор: ТТ/ ЕМФ/ афп/ ројтерс

Редактор: Александра Трајковска