1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борењето исфрлено од олимписката програма

БГ/афп/бета12 февруари 2013

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека донесол одлука да го исфрли борењето од програмата на Олимписките игри во 2020. година. Конечната одлука за тоа кој спорт се‘ ќе биде вклучен, ќе биде донесена во септември.

https://p.dw.com/p/17cnp
Фотографија: picture alliance / dpa

Извршниот одбор на МОК одлучил на состанокот во швајцарскиот град Лозана да го задржи модерниот петобој, за кој се очекуваше да биде исфрлен, а наместо него да се откаже од борењето.

Борењето и уште седум други спортови, сепак ќе бидат земени предвид за единственото слободно место кое останува во програмата за Олимпијадата во 2020 година, а конечната одлука за тоа кој спорт ќе биде вклучен ќе биде донесена во септември, во Буенос Аирес.

Борењето е еден од најстарите олимписки спортови кој се наоѓал на програмата и на првата модерна Олимпијада во Атина во 1896. година. Борењето било дел и од античките Олимписки игри во Грција во 708. година пред новата ера.

На минатогодишната Олимпијада во Лондон се натпреваруваа 344 спортисти во борење во 11 дисциплини во слободен и седум во грчко-римски стил.

Останатите спортови кои МОК размислува да ги вклучи во програмата, и кои се директни ривали на борењето, се безбол и софтбол, карате, сквош, спортско планинарење, вејкбординг и боречката дисциплина вушу.

Последни спортови кои беа отстранети од програмата на Олимпијадата беа безбол и софтбол во 2005 година, а во програмата за Олимпијадата во Рио де Жанеиро 2016. година вметнати се голф и рагби.