1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борис Тадиќ се простува од Демократската партија

ЖА/дпа/бета30 јануари 2014

Поранешниот долгогодишен српски претседател и лидер на Демократската партија, Борис Тадиќ, ја напушта својата „политичка татковина“, како што соопшти денеска на прес-конференција во Белград.

https://p.dw.com/p/1AzkW
Фотографија: dapd

Поранешниот српски преседател и екс-лидер на опозициската Демократска партија (ДС) денеска соопшти дека поднел оставка на местото почесен претседател на партијата и дека повеќе не е нејзин член.

На прес-конференција во Белград, Тадиќ изјави дека се решил на ваквиот чекор поради одлуката на ДС да преговара за соработка со Новата партија (НС) на поранешниот српски премиер и некогашен демократ Зоран Живковиќ.

„Решив да истапам од членство во ДС и да дадам остава на местото почесен претседател, затоа што во политичкиот блок околу ДС се враќаат луѓе кои и‘ го донесоа епитетот на аферашка и корумпирана партија“, изјави Тадиќ.

Последниве денови некои српски весници објавија дека на претстојните парламентарни избори Тадиќ ќе настапи со политички блок наречен Демократски фронт, во кој би учествувале повеќе опозициски партии.

Тадиќ во средината на јануари не успеа во обидот со внатрепартиски пуч да се врати на чело на Демократската партија. Функцијата во партијата, исто како и онаа на чело на државата, Тадиќ ја загуби пред две години. Професорот по психологија по професија, со години беќе клучен политичар во Србија. Критичарите го обвинуваат дека во негово време државата стигна на раб на банкрот.