1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Saison Borussia

1 мај 2011

Дортмунд слави - и покрај тоа што првенството се‘ уште трае, Борусија Дортмунд ја обезбеди титулата првак. Ретко кој тим во историјата на Бундеслигата бил толку доминантен во текот на сезоната.

https://p.dw.com/p/1179m
Фотографија: dapd

Речиси сите експерти пред почетокот на сезоната беа единствени - Бајерн Минхен повторно ќе биде првак, а Борусија Дортмунд, доколку се‘ оди добро, ќе се квалификува за Лигата Европа. Но, Борусија, за разлика од Бајерн, одигра извонредно во текот на целата сезона и предвреме си ја обезбеди титулата првак, со победата над Нирнберг од 2:0, во 32. коло од Бундеслигата.

Ваквиот триумф веќе одамна не е изненадување. Есенскиот првак со најголема предност во историјата на Бундеслигата стартуваше во пролетниот дел на првенството. Рекорд се и осумте последователни победи во гости. Вкупно се остварени дури 22 победи во оваа сезона. И, ниту еден друг тим досега не претрпел толку малку порази - вкупно четири и немал толку малку примени голови - деветнаесет. Дортмунд е и европски рекордер според бројот на гледачи - просечно по натпревар 79.052 луѓе дошле на стадионот на Борусија.

Bundesliga 32. Spieltag 2010/11 Dortmund Nürnberg Flash-Galerie
Фотографија: dapd

Геце, Кагава и компанија

Со освежителниот фудбал што го игра, тимот на Борусија Дортмунд воодушеви и голем број неутрални фудбалски навивачи. Младиот тим, со ограчи кои имаат по 22 години или се уште помлади, беше убедлив во својот ангажман, кондиција, свежина во играта и креативност. И наспроти сите прогнози дека толку млад тим нема да може да го издржи притисокот, црно-жолтите одеа од победа во победа, иако големата предност на табелата, кон крајот на сезоната малку се истопи. Победите се нижеа и во отсуство на новата јапонска ѕвезда Схинји Кагава. Неговите задачи ги презеде 18-годишниот Марио Геце, кој вежи за голем талент во германскиот фудбал. На Борусија Дортмунд и‘ се завидува и поради младите професионалци како Нури Сахин, Кевин Гроскројц, Марсел Шмелцер или Свен Бендер. За големиот успех придонесоа и искусните играчи, како голманот Роман Вајденфелдер и напаѓачот Лукас Бариос. Вистинската мешавнина го направи своето.

Dortmund ist Meister 2011 Fußball Bundesliga Deutschland FLASH-GALERIE
Фотографија: picture alliance/dpa

Ѕвезда е и тренерот

Архитект на новиот тим на Борусија Дортмунд е Јирген Клоп. Тој извонредно ја спроведе задачата од раководството на клубот да формира добар тим без многу пари. Врвот на Борусија Дортмунд калкулира дека од европската Лига на шампиони ќе профитира со околу 20 милиони евра. И акциите на клубот постојано добиваат на вредност - од почетокот на сезоната нивната вредност е зголемена за повеќе од 150%. Не случајно Борусија Дортмунд предвреме му го продолжи договорот на Јирген Клоп, кој е омилен кај публиката, до 2014 година.

Автор: Арнуф Бетхер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Трајче Тосев