1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Борусија Дортмунд“ пред банкрот

17 февруари 2005

Германскиот фудбалски прволигаш, Борусија Дортмунд, е пред банкрот. Како што денеска соопшти фирмата ”Дортмунд ГмбХ енд компани”, повеќекратниот германски шампион е во егзистенцијална финансиска криза.

https://p.dw.com/p/AelR
Фотографија: AP

Само во изминатата година, фудбалскиот клуб забележал загуба од 27,2 милиони евра. Борусија е единствениот клуб во германскиот фудбал кој е присутен и на берзата, и курсот на акции на клубот денеска е помал за 25% од претходниот ден. Сега курсот изнесува 1,99 евра по акција. Само за споредба, вредноста на акцијата пред четири години беше 11 евра. Клубот во 2009 година треба да наполни 100 години. Тоа би бил голема прослава, доколку до нејзе воопшто дојде. За катастрофалната економска ситуација, еден од фановите на клубот, вели:

”Бесот е голем и застрашувачки. Не знам како натаму. Не верувам дека овие луѓе ќе успеат да го извлечат клубот. Едноствано не верувам. Мислам, иако не го познавам господин Њацке, дека тој не е толку компетентен и нема такво лоби кое можеби би имало некаков банкар со добри врски за клубот да биде извлечен од криза.”

Во изминатите часови, новиот благајник на клубот Ханс Јоаким Вацке заедно со менаџерот на клубот Михаел Мајер, ги прочешлале книгите и заклучиле дека бројките се страшни. Тоа ги натерало на итно соопштение, зашто кога се има финансиска состојба која влијае врз курсот на акциите, итно соопштение е обврзувачко. Вацке со изјава:

”Доколку ми успее да ги мотивирам соработниците и луѓето околу Борусија Дортмунд да го дадат и последното, тогаш можеби е тоа повеќе вредно отколку однекаде да го извлекувам последното евро.”

Мајер на прес конференција денеска тврди дека доверителите се едногласни дека клубот може да се санира и дека има иднина. Најголемиот акционер во Борусија, Флоријан Хом, е подготвен во случај на крајна нужда да помогне со пари, но тоа нема да биде кеш, туку инвестиции.