1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бошковски се враќа во Македонија

Гроздан Попов 11 јули 2008

Љубе Бошковски денеска се очекува да се врати во Македонија. Јохан Тарчуловски вчера беше осуден на 12 години затворска казна за случувањата на 12 август 2001 година во Љуботен.

https://p.dw.com/p/EaEy
Адвокатот на Бошковски во ТрибуналотФотографија: G. Popov

Поранешниот министер за внатрешни работи на Македонија, Љубе Бошковски денеска попладне се очекува да се врати во Македонија. Хашкиот трибунал вчера го ослободи Бошковски од сите обвиненија. Јохан Тарчуловски беше осуден на 12 години затворска казна.