1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бо Силаи признал грешки

АТ/ ртр/ афп/ дпа25 август 2013

Соборениот кинески функционер Бо Силаи пред судот признал соодговорност во скандалот околу неговата сопруга за убиство на еден Британец.

https://p.dw.com/p/19VoJ
Фотографија: Reuters

Додека на почетокот на процесот се покажа борбено и издржливо, на тртиот ден од судскиот процес против него поранешниот функционер Бо Силаи се однесувал покајнички. „Направив грешки, жалам поради тоа и подготвен сум да ја носам одговорноста за тоа“, писмено изјавил Бо, се пренесува во интернет блогот на судот. Друг извор за продолжувањето на судскиот преоцес против Бо Силаи нема - на независните новинари не им е дозволено присуство.

Бо имено признал дека како партиски шеф во Чонгкуинг направил „групи погрешни проценки “ при истрагата против неговата сопруга Гу Каилаи. Сопругата на Бо, Гу Каилаи, минатата година доби условна смртна казна поради убиство на британски бизнисмен, што овозможи казната да биде претворена во доживотен затвор. Според протоколот Бо меѓутоа рекол: „Никогаш немав намера да ја штитам Гу“.

Но, тој е обвинет токму поради тоа: Бо Силаи ја искористил својата моќ како шеф на партијата во 30 милионската метропола Чонгкуинг за да го задскрие кривичното дело на неговата сопруга.

Освен злоупотреба на функцијата поранешниот член на политбирото се обвинува и за корупција. Бо Силаи наводно примил вкупно 21 милиони јуани, односно 2,5 милиони евра мито.

Бо Силаи беше поранешен шеф на Комунистичката партија во милионската метропола Чонгкуинг и се сметаше за кандидат со најдобри изгледи за највисоката функција во државата и партијата. Тој се презентираше како политичар кој стреми социјална еднаквост.