1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бразил е првиот финалист

ЕМФ/миа/дв27 јуни 2013

Репрезентацијата на Бразил е првиот финалист во Купот на конфедерации, откако синоќа (26.07) во Бело Хоризонте во првото полуфинале го совлада континенталниот ривал Уругвај со 2:1.

https://p.dw.com/p/18xEj
Фотографија: picture-alliance/dpa

Домаќинот на Купот на конфедерации до победата стигна со голот на Паулињо постигнат на седум минути пред крајот. Претходно, Кариоките поведоа во 41.минута преку Фред, а Уругвај до изедначување стигна на почетокот на второто полувреме кога Едисон Кавани беше прецизно од десетина метри и го совлада Цезар. Уругвајците во 14.минута имаа голема шанса за отворање на резултатот, но ударот на Диего Форлан од пенал го одбрани домашниот голман.

Вечерва од 21 часот се игра вториот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат светскиот и европски првак Шпанија и селекцијата на Италија. Двете репрезентации играа и во финалето на Европското првенство минатата година, а победи убедливо Шпанија со 4:0. Италијанскиот селектор Чезаре Прандели, кој мораше да се откаже од повредениот напаѓач Марио Балотели, оцени дека Шпанија е „јасен фаворит“. Неговиот бразилски колега Дел Боске пак, предупредува дека треба да се биде претпазлив: „Треба да заборавиме се‘ што се случуваше во Киев пред една година. Ова овде е сосема друга ситуација.“