1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бразил и Аргентина во борба за титулата на Купот на конфедерациите

27 јуни 2005

Изминатиот викенд и впрочем цела недела изобилуваше со богата спортска понуда, во фокусот на вниманието пред се беше Купот на конфедерациите или популарно нареченото мини светско фудбалско првенство што се одржува во Германија. Веќе се познати и двата тима кои в среда ќе играат во финалето. Големите јужноамерикански ривали Бразил и Аргентина.

https://p.dw.com/p/Aekp
Адријано, човекот на одлука во полуфиналето против Германија
Адријано, човекот на одлука во полуфиналето против ГерманијаФотографија: dpa

Бразил во саботата во извонреден натпревар може да се каже дека се изнамачи против младиот и полетен тим на Германија, кој докажа дека има капацитет за високи цели. Во репризата од финалето од последното светско првенство петкратниот шампион Бразил славеше со 3:2 во одлична атмосфера на преполнетиот „ Франкен„ стадион во Нирнберг. Германија иако загуби остави одличен впечаток.

Први во водство дојдоа Бразилците со голот на Адријано од слободен удар, Германија за две минути во 23, се врати во игра со голот на младата звезда Лукас Подолски, кој иако меѓу пониските одлично се снајде во шеснаесетникот и со глава стрелаше прецизно во голот на немоќниот Дида. Возбудливи беа последните пет минути од првиот дел, во кои двата тима искористија по еден пенал, Роналдињо за Бразил и Балак за Германија стрелаа прецизно. Точка на мечот стави Адријано во 76 минута по добро изведената акција.

Публиката на стадионот но и насекаде во Германија до последниот момент ги бодреше своите миленици , кои пак по натпреварот велеа дека се горди на прикажаното во мечот со големиот Бразил една година пред Светското Првенство кое ќе се одржи тука во германија.

Одбрамбениот играч Пер Мертезакер по натпреварот изјави :

„Мислам дека можеме да бидеме горди на она што го постигнавме . Човек можеше да види дека фановите беа многу задоволни и френетично не подржуваа се до крајот на средбата „

И селекторот Јирген Клинсман, кој како и секогаш натпреварот го сдледеше со многу емоции изрази благодарност за подршката на љубителите на фудбалот во Нирнберг, додавајќи :

„Секако дека е штета .Нормално дека многу посакувавме да победиме во натпреварот.Со задоволство ќе игравме во финалето- рече Клинсман притоа порачувајќи:

„Големите фудбалски нации пополека дознаваат дека ние доаѓаме . Сеуше меѓутоа не сме онаму каде што посакуваме . Но многу сме горди на овој тим , на она што го постигна во последниве недели:

Второто полуфинале во регуларниот дел, беше далеку од она што го прикажаа Германија и Бразил. Аргентина и Мексико одиграа типичен за нив тежок нервозен натпревар, кој беше решен по пенал рулетот. Двата тима по деведесет минути играа не постигнаа гол, Мексиканците кои на двапати погодија статива, дојдоа први во водство во 104 минута со голот на Карлос Салсидо. Пет минути подоцна израмни Лучано Фигероа. Во пенал рулетот повеќе нерви имаа аргентинците. По петте успешни серии на двете страни, клучен беше ударот на Рикардо Осори, кој голманот на гаучосите Лукс Херман успеа да го одбрани.

Еден од клучните актери на мечот, аргентинецот Хуан Пабло Сорин секако задоволен од епилогот

„ Ни беше тешко, но безусловно сакавме да победиме. Сега сме во финалето, тоа беше нашата цел„

Мексиканците жалат за пропуштената можност да се најдат во финалето:

„ Добро игравме, но знаевме дека со аргентинците ќе биде тешко. Дојдовме во водство, но потоа пропуштивме да ја држиме топката, па Аргентинците израмнија. Победата ни избега од раце„

Финалниот натпревар Бразил и Аргентина ќе го одиграат во Среда. Истиот ден Германија и Мексико ќе играат во малото финале.

Викендов во Германија спортската јавност ја привлече и светското првенство во одбојка на песок. Првото место на турнирот кој се одржа во Берлин, го освои бразилската двојка, Марцио Араујо и Хесус Магалеш. Во финалето пред осум илјади публика тие беа подобри од швајцарската двојка Хејер Лацига, и славеа максимално 2:0, при што инкасираа и 62.000 долари. Третото место и припадна на Германија, двојката Јулиус Бринк и Кјел Шнајдер од градот Кил во малото финале и го донесоа првиот медал на Германија од светските првенства. Малото финале на почетокот го немаше потребниот жар, пред се публиката беше подзаспана , што не беше случај во последните моменти од натпреварот.

„На почетокот луѓето како да спиеа, дојдени рано за да најдат место. Десет минути подоцна централниот терен беше целосно исполнет. Во тие моменти надвор имаше илјадници кои чекаа да влезат, тие можеа двапати да ги пополнат трибините, што беше неверојатно„ рече гермаецот Бринк веднаш по натпреварот.

Од останатите спортски актуелности. На терените на Вимблдон во тек е неофицијалното светско првенство во тенис. Засега фаворитите ги исполнуваат очекувањата. Единственото изненадување е раната елиминација на американката Серена Вилијамс. Двократната шампионка на Вимблдон, од 2002 и 2003 со 2:0 во сетови загуби од сонародничката Џил Кербјас.

Во машка конкуренција фаворит е швајцарецот Роже Федерер кој по неуспехот на Роланд Гарос и Австралија опен, сатисфакција гледа во вимблдонската титула.