1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бразил разочара, Франција уште повеќе

14 јуни 2006

Бразилците сепак ја совладаа селекцијата на Хрватска со 1 спрема 0. Франција и Швајцарија го одигра најслабиот натпревар досега на ова светско фудбалско првенство

https://p.dw.com/p/AeiW
Кака - удар за победнички гол
Кака - удар за победнички голФотографија: AP

Со нетрпение очекуваниот настап на светскиот првак Бразил донесе извесно разочарување, 72 илјади гледачи на стадионот во Берлин видоа едно просечно издание на бранителите на титулата. Стрелец на единствениот гол беше најдобриот поединец на натпреварот Кака во 44-тата минута. Тоа беше прекрасен, неодбранлив удар од 20-ина метри растојание. Во редовите на петкратниот светски првак посебно разочара Роналдо - наподвижен, неангажиран и со само еден забележителен момент, еден добар шут од далечина за малку над пречката. Кога во 69-тата минута беше заменет, Роналдо беше исптратен со свирежи од публиката. Суперѕвездата Роналдињо во неколку ситуации ја демонстрира својата екстра класа, иако беше внимателно чуван од повеќемина хрватски фудбалери.

Хрватите се претставија во добро издание, играта им беше тактички добро поставена, а беа и борбени. Во второто полувреме дури имаа и неколку можности да го израмнат резултатот, на што укажа и Иван Класниќ, инаку играч на Вердер од Бремен: „Се виде дека добро се држевме и имавме и неколку шанси. Мислам дека Бразилците не беа толку добри како што сите велеа; и во краен биланс нерешен резултат можеби би бил поправеден“.

Ни Французите во првиот настап на ова светско фудбалско првенство не ги оправдаа очекувањата. Франција прикажа слаба игра во натпреварот против Швајцарија, кој заврши без голови. На Французите, предводени од Зинедин Зидан, речиси ништо не им успеваше и текот на настаните потсети на претходното светско првенство, кога беа елиминирани уште во фазата на натпревари по групи, во која не забележаа ни една победа, ниту постигна гол. Разочараа и Швајцарците, пред се’ со тоа што им недостасуваше смелост за малку повеќе ризик. Се’ на се’, тоа беше најслабиот од досега одиграните натпревари на светското првеснтво.

Спорти оваа средба еден 49-годишен Французин почина од срцев удар на паркингот пред стадионот.

Јужна Кореја во првиот натпревар од вчерашната програма ја совлада Јапонија со 2 спрема 1. Германскиот тренер Ото Пфистер, кој по хаотичните настани со неговото отпуштање, па потоа враќање на функцијата селектор на Того, сепак седна на тренерската клупа и се определи за офанзива, која донесе и водство во 31-та минута. Клучна за исходот беше 53-тата минута: капитенот на Того Жан-Пол Абало доби втор жолт каротн и мораше да го напушти тетенот, а слободниот удар Ли Чун-Су го опретвори во израмнување. Победничкиот гол го постигна Ан Јунг-Хван, истиот играч што на претходното првеснтво со својот гол против Италија и’ донесе пласман на својата земја во четврфиналето. Тој, инаку, настапува за германскиот тим Дуизбург. Занимливо е дека обајцата тсрелци како замени влегоа во игра, па потезите на селекторот на Јужна Кореја, Холанѓанецот Дик Адвокат, испаднаа „полн погодок“.

Денеска претстои вториот настап на германската селекција, за која победа против Полска ќе значи обезбеден пласман во осминафиналето. За Полјаците, напротив, поразот практично би претставувал и елиминација од светското првенство. Средбата се игра во Дортмунд во 21 часот.

Претходно, во 15 часот во Лајпциг се среќаваат Шпанија и Украина, а во 18 часот во Минхен ќе играат Тунис и Саудиска Арабија.