1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брамерц ја завршува посетата на Белград

ЕМФ/миа/бета23 мај 2012

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска ја завршува посетата на Белград. Тој вчера нагласи дека е многу важно да се открие кој ги сокривал хашките обвинети.

https://p.dw.com/p/150Lv
Серж БрамерцФотографија: DW

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц спроти поднесувањето на редовниот извештај пред Советот за безбедност за соработката на Србија со трибуналот, изјави дека тој ќе биде негативен само во делот на јатаците на хашките обвинети.

„Многу е значајно да дознаеме дали лицата кои им помагале на бегалците доаѓале од јавните институции или тоа биле членови на нивните семејства“, рече Брамерц по средбата со претставниците на српското обвинителство за воени злосторства. „Не дојдов да давам лоши критики. Задоволен сум бидејќи минатата година се уапсени последните двајца бегалци, како и од соработката со претседателот на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал и обвинителот за воени злосторства, но темата за мрежата соработници нема да помине едноставно“, изјави Брамерц во Белград.

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал денеска заминува за Бриони каде ќе биде одржан регионален состанок на обвинители на кој ќе биде разгледано прашањето за соработка со Судот.