1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Браун на средба со Бан Ки Мун

31 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BOXP

Британскиот премиер Гордон Браун денеска во Њујорк се среќава со генералниот секретар на ОН , Бан Ки Мун . Притоа е планирано Браун да одржи говор во седиштето на Светската Организација. Тој притоа ќе претстави акционен план за исполнување на милениумските цели на ОН , за двојно намалување на бројот на екстремно сиромашни лица во светот до 2015-та година. Браун вчера во Кемп Дејвид се сретна со американскиот претседател Џорџ Буш при што двајцата политичари покажаа единство околу решавањето на клучните стратегиски прашања за двете земји. Политиката кон Ирак и Иран останува иста. Браун и Блер се согласија дека санкциите кон Иран засега дејствуваат, но треба да се заострат преку нова резолуција во ОН. Гордон Браун сепак не кажа уште колку долго британските сили ќе останат во Ирак. Лондон го дели ставот со САД и има за цел чекор по чекор да ја префрли контролата врз ирачките власти