1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брахими-можен наследник на Анан

ЖА/макфакс/ртре10 август 2012

Алжирскиот дипломат Лакдар Брахими е можниот наследник на Кофи Анан, на должноста меѓународен мировен посредник за Сирија, велат дипломатски извори од Обединетите нации.

https://p.dw.com/p/15niQ
Фотографија: Reuters

Меѓународниот посредник на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан, поднесе оставка на должност на 2-ри август. Објавувајќи ја својата одлука соопшти дека неговата мисија станала невозможна поради растечкото насилство во Сирија и „постојаното меѓусебно обвинувања“ во Советот за безбедност на ОН, што оневозможило постигнување каков и да е консензус за политичко решение.

Според неименуван дипломат, номинирањето на алжирскиот дипломат Лакдар Брами би требало да биде објавена на почетокот од следната седмица. Наводно станува збор за избор на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун. Анан беше именуван во февруари и официјално неговиот мандат истекнува на 31-август, а на почетокот на месецот тој најави дека нема намера да го продолжи.

Седумдесет и осумгодишниот Брами инаку беше веќе специјален пратеник на ОН на повеќе сложени задачи и посредник во неколку судири. Поранешниот алжирски министер за надворешни работи беше претставник на ОН во Авганистан како и во Ирак по инвазијата на меѓународната коалиција од 2003. година.

Лакдар Брами е член на групата Елдерс, која се обидува да ги решава судирите во светот, во која членува и поранешниот американски претседател Џими Картер, африканскиот надбискуп Дезмонд Туту и поранешниот фински претседател и добитник на Нобеловата награда за мир, Марти Ахтисари.

ЖА/макфакс/ртре