1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бренгелман: Одлуката на НАТО за членството на Македонија стои

1 април 2011

Дирк Бренгелман, помошник-генерален секретар на НАТО не сака да прогнозира како исходот од тужбата на Скопје против Атина во Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе влијае врз приемот на Македонија во алијансата.

https://p.dw.com/p/10lu5
Фотографија: DW / Petr Stojanowski

НАТО останува на одлуката во врска со членството на Македонија во Алијансата, откако ќе се постигне договор за прашањето за името со владата на една од нејзините членки - Грција, рече Дирк Бренгелман, помошник на генералниот секретар на НАТО за политички односи и безбедносна политика на денешната прес-конференција во Скопје по средбата со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Mazedonien NATO Mazedonische Fahne und NATO Fahne
Фотографија: DW / Petr Stojanowski

Запрашан дали е можнода биде преразгледана одлуката за членство на Македонија, а во врска со процесот што се води пред Судот во Хаг, Бренгелман одговори дека не сака да шпекулира дали решението што треба да го донесе Судот ќе има влијание врз македонската апликација, бидејќи Алијансата не е дел од тој процес.

Министерот Милошоски, пак, го повтори македонскиот став дека НАТО не е странка во тој процес и оти Македонија останува посветена на преговорите за името.

Бренгелман, по дводневната посета на земјата и средбите со државниот врв, посочи дека одржувањето на избори е нормална демократска процедура и очекува тие да дадат нов поттик на домашната политичка сцена.

Бренгелман вчера оствари средби со премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Автор:СН/БГ/миа/макфакс

Редактор:Симе Недевски