1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брет:„Идеално би било решение на проблемот со името до самитот на НАТО“

Горан Петрески12 февруари 2008

Германија го поддржува членството на Македонија во НАТО, изјави за Дојче Веле германскиот амбасадор во Скопје, Ралф Андреас Брет. Најважно за Германија е стабилност на Балканот, во која значајна улога има НАТО.

https://p.dw.com/p/D6Ue
Премиерите на Германија и Македонија, Ангела Меркел и Никола ГруевскиФотографија: AP

Германскиот амбасадор во Македонија, Ралф Андреас Брет не ја исклучува можноста пристапувањето на Македонија во НАТО да биде блокирано од страна на Грција. На прашањето дали Германија како членка на НАТО ќе го даде својот глас и Македонија да и‘ пристапи на алијансата, германскиот амбасадор одговара дека сеуште не е донесена официјална одлука на владата во Берлин, но дека од сето што досега го слушнал, Германија, ако не се случи нешто непредвидено, ќе го поддржи пристапувањето на Македонија во НАТО.

Според германскиот дипломат, би било идеално доколку спорот со Грција околу името би бил решен билатерално до самитот на алијансата во Букурешт. Брет вели дека не може да исклучи можност оти Грција би можела да стави вето на приемот за Македонија во НАТО. „Ние поддржуваме консензус во овој спор, нп не можеме да го испорачаме решението“, изјави Брет за Дојче Веле.