1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брз интернет за секого!

Агенции21 ноември 2008

Како против рецесијата? Политиката и стопанството во Германија сакаат да се борат со големи инвестиции во инфраструктурата на Интернет. Целта гласи-зголемување на бројот на интернет корисници и брз интернет насекаде!

https://p.dw.com/p/Fz66
Германската канцеларка, Ангела Меркел на самитот во ДармштатФотографија: picture-alliance/ dpa

Сите граѓани на Германија, во наредните три до четири години треба да имаат брз Интернет, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел на Самитот на информатичка технологија во Дармштат. „Затоа, сега е важно да имаме опрема која ќе му овозможи на секој во Германија да добие брз интернет што е можно побргу. Според мое мислење, економската ситуација и стагнација, или делумно дури и рецесија, треба да се искористи за токму во оваа сфера да се создаде визија за иднината“, изјави канцеларката. Меркел укажа на тоа дека ИТ-браншата во Германија, со 150 милијарди евра обрт годишно, создава повеќе пари отколку авто-индустријата или машинската индустрија.

Safer Internet Day Kinder in Berlin
Фотографија: picture-alliance/ dpa

За една деценија се потребни инвестиции од 50 милијарди евра

Министерот за економија, Михаел Глос, нагласи дека добрата инфраструктура, во секој поглед, е основа за добра економија. Според него, и луѓето во селата и малите гратчиња треба да имаат брз интернет исто како луѓето во големите градови и густо населени региони.

Првиот човек на Дојче Телеком, Рене Оберман соопшти дека досегашната мрежа на бакарни кабли не е доволна за да одговори на потребите на размената на податоци, која расте со енормна брзина. Тој смета дека во Германија, во наредните 10 до 15 години, треба да се инвестираат 40 до 50 милијарди евра. Индустријата, пак, би вложила толку пари, само ако ризиците на претпријатијата при инвестирањето можат да се калкулираат и доколку во оваа сфера можат да се заработат пари.

Symbolbild IT-Gipfel/Netzwerk/Internet
Мрежата мора да се обновиФотографија: AP

ИТ-браншата „плива“ добро во кризата

Претседателот на сојузот на информатичка технологија, БИТКОМ, Аугуст-Вилхелм Шеер, констатираше дека браншата досега е прилично поштедена од последиците на економската криза. 70 до 80% од претпријатијата не почувствувале негативни последици на кризата по својот бизнис.

Со проширувањето на мрежата која обезбедува брз интернет, според пресметките на Сојузот на германската индустрија, можат да се отворат 250 илјади нови работни места. Во моментов, во Германија во ИТ браншата и сферите на нејзина примена, се вработени околу 1,5 милион луѓе.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема