1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брисел испраќа експертски тим во презадолжената Португалија

8 октомври 2011

По Грција, сега и Португалија ќе добие свој експертски тим од Брисел, кој треба да помогне за подобро употребување на средствата од ЕУ во финансиски слабата држава. Ирска, пак, планира да се откаже од помошта од ЕУ.

https://p.dw.com/p/12oGi
Фотографија: Picture-alliance/dpa

Европската комисија во Брисел соопшти дека португалската влада побарала ваква поддршка од Брисел. Португалија од Европската Унија, Европската Централна Банка и од Меѓународниот Монетарен Фонд треба да добие финансиска помош во вредност од 78 милијарди евра. Слично како и Грција и оваа презадолжена држава за возврат е обврзана  да спроведе остар курс на штедење и реформи во финансискиот систем.

Ирска планира да се откаже од помошта

Ирска, од друга страна, планира како прва презадолжена земја-членка на еврозоната да го напушти европскиот чадор за финансиски спас на членките во криза и да го отвори патот за враќање на финансиските пазари. Веќе во наредната година, владата во Даблин планира повторно да издаде државни обврзници, изјави премиерот Енда Кени во телевизиско интервју. Покрај тоа Кени смета на брзо зголемување на оценката за кредитоспособноста на Ирска од страна на меѓународните рејтинг агенции.

Автор:СН/ЕМФ/дв/дпа

Редактор: Е. М. Фиданоска