1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брисел и Москва и натаму без решение за Јужен поток

ЕМФ/бета17 јануари 2014

Русија и ЕУ денеска (17.01) во Москва договорија создавање работна група која „ќе ги разгледа сите правни и технички прашања врзани за Јужен поток“, соопшти руското Министерство за енергетика.

https://p.dw.com/p/1Asp2
Фотографија: dapd

Во кусото соопштение издадено по состанокот на еврокомeсарот за енергетика Гинтер Етингер и рускиот министер за енергетика Александер Новак се наведува дека освен работната група, двете страни потпишале и заеднички извештај за соработката во текот на изминатата година, во кој е оценето дека има успех во развојот на соработката.

Агенцијата Прајм, повикувајќи се на извор кој учествувал во преговорите, наведува дека Москва и Брисел не успеале да најдат компромисно решение за меѓународниот гасовод Јужен поток. Тој наведува дека компромисот би можело да биде најден за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Брисел, на 27 и 28 јануари, кога се одржува самитот Русија-ЕУ.

На крајот на 2013 година Европската комисија ја потсети Русија на Третиот енергетски пакет на ЕУ и на тоа дека договорите кои Русија ги заклучи со неколку земји членки на ЕУ, како и Србија и Македонија, не се во согласност со европските прописи.

Руското Министерство за енергетика на почетокот на декември 2013-та соопшти дека добило официјално барање од ЕК за неопходноста од ревизија на договорите што Русија ги склучи со земјите учеснички во проектот „Јужен поток“.