1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брисел почнува постапка против Унгарија

17 јануари 2012

Европската комисија како реакција на спорните законски промени во врска со Централната банка во Унгарија започна постапка против оваа земја поради прекршување на европското право.

https://p.dw.com/p/13kyq
Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо и унгарскиот премиер Виктор ОрбанФотографија: picture-alliance/dpa

„Решивме да покренеме постапка поради прекршување на европските договори“, најави денеска претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо во Стразбур по средбата со еврокомесарите. Се работи пред се‘ за законот со кој се засилува влијанието на владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан врз Централната банка на Унгарија.

Сега се чека одговор од Унгарија

Владата во Будимпешта има рок од еден месец да заземе став, се вели од кругови на ЕК. Европската комисија бара разјаснување во вкупно три точки-спорни се законите во врска со независноста на Централната банка, како и во поглед на судството и заштитат на податоците. Писменото барање за објаснување е првиот чекор во постапката против прекршувањето на европските догвоори, која може да заврши со тужба пред Европскиот суд на правдата и парична казна.

Viktor Orban hält Presse-Konferenz in Budapest
„Моќниот човек“ во Будимпешта Виктор ОрбанФотографија: picture-alliance/dpa

Десноконзервативната влада на унгарскиот премиер Виктор Орбан постојано е мета на критики во ЕУ поради својот курс. Меѓународниот монетарен фонд и ЕУ во декември ја прекинаа својата мисија во земјата поради спорните уставни промени. Мисијата преговараше со унгарските власти за финансиска помош во висина од околу 20 милијарди евра за високозадолжената држава.

Автор: ЖА/СН/дпа/афп

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема