1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брисел предупредува на заканите од популизам

ЖА/АТ/бета23 април 2012

ЕК ги повика европските лидери „да не подлегнуваат на искушението на популизмот“, ден по првиот круг претседателски избори во Франција, каде десничарката Марин Ле Пен изби на трето место.

https://p.dw.com/p/14jiC
Фотографија: Reuters

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и повеќемина европски комесари „често ги повикуваа европските лидери да не подлегнуваат на искушението да држат популистички говори и да продолжат со унапредувањето на Европа во мир и стопански развој“, изјави Оливије Баји, портпарол на Барозо.

„Треба да се води сметка за заканите од популизам, од ширењето на вакви идеи, кои се спротивни на идеалите кои ги носи европската конструкција“, рече Баји.

Марин Ле Пен во првиот круг од вчерашните претседателски избори во Франција освои 18 проценти од гласовите, зад социјалистот Фрнасоа Оланд со 28,6 проценти и актуелниот претседател Никола Саркози со 27,1 проценти. Таа одржа говор полн критики кон ЕУ.

Баји призна дека економската криза ги засилува социјалните нееднаквости што во таков економски контекст создава политички терен за развој на популизам. Но, заедништвото е одговор на предизвиците на кризата, смета тој:

„Добар одговор е воведување повеќе Европа. Во опкружување на глобализацијата неефикасно е свртувањето кон самиот себе си и барање национални решенија“, изјави Баји.