1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британија го одложи референдумот за европскиот устав

6 јуни 2005

Велика Британија го одложи на неодредено време планираниот за догодина референдум за европскиот устав. Според британскиот портпарол на владата, одлуката е веќе донесена, а британскиот министер за надворешни работи Џек Строу само ќе ја официјализира доцна попладне во Лондон.

https://p.dw.com/p/AcEv
Британскиот премиер Тони Блер и министерот Џек Строу
Британскиот премиер Тони Блер и министерот Џек СтроуФотографија: AP

И покрај советите на Франција и Германија, чии претседател и канцелар предупредија дека евентуалното отфрлање на референдумот во Британија би ја запечатило судбината на европскиот устав, Строу за доцна попладне веќе го закажа својот говор пред британскиот парламент. Владиниот портпарол во Лондон предмалку потврди дека референдумот се одложува се додека не се расчисти неговата судбина и појасни оти со таквата одлука само се купува време, за во Европа да се согледаат последиците од минатонеделното референдумско ,, не “ на Французите и Холанѓаните за заедничкиот европски документ.

Во меѓувреме, Европската комисија во Брисел го повтори повикот до другите европски земји да не гледаат еднострано кога станува збор за важна работа како што е заедничкиот устав.

,, Веруваме дека е неопходен период на рефлексија, пред состанокот на европските минситри кон средината на јуни. На крајот, европскиот совет ќе ја донесе конечната одлука околу уставот,, соопшти портпаролот на Комисијата.

Аналитичарите, но и неколку европски влади веќе се изјаснија дека европскиот устав, во суштина веќе е мртов. Влијателниот британски весник Гардијан денеска пишува дека Строу, пред соопштувањето на одлуката,, стои на тенка линија. Од една страна треба да го избегне жешкиот копир дома, односно да ја прифати желбата на Британците да го отфрлат европскиот устав, а од друга треба да се покаже дека Лондон работи на идејата за обединета Европа. Последните испитувања на јавното мислење во земјата покажуваат дека мнозинството граѓани се против европскиот устав и дека би го отфрлиле доколку тој биде ставен на референдум.