1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брита Штефен ја заврши кариерата

ЖА/дв/макфакс27 септември 2013

Германската првенка во пливање Брита Штефен ја заврши својата кариера, соопшти денеска менаџментот на 29-годишната рекордерка. На последните поголеми натпреварувања таа остана без медали.

https://p.dw.com/p/19pXQ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Светската рекордерка во пливање на 50 и 100 метри, Германката Брита Штефен, објави крај на кариерата. Одлуката Штефен ја образложи со недостиг на мотивација за понатамошно натпреварување.

Двократната олимписка шампионка од Пекинг во 2008 година, последните сезони имаше проблеми со формата, таа на ОИ во Лондон во 2012 година стигна само до полуфиналето на трката на 100 метри, додека на 50 метри го освои четвртото место. На пливачкиот Мундијал во Барселона таа на трката на 100 метри го освои шестото место. Во кариерата Германката собори два светски, еден европски и пет национални рекорди.