1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бркотница на дното – кој ќе се спаси?

8 мај 2008

Во таканаречаната англиска недела, германски фудбалски прволигаши го одиграа 32-то коло. На врвот скоро јасна ситуација, додека на дното општа турканица во борбата за опстанок:

https://p.dw.com/p/DwS1
Ако на врвот се е познато, на дното вистински вриеж. Кој ќе се спаси?Фотографија: picture-alliance/ dpa

Битката за две места што гарантираат опстанок се води меѓу пет екипи. Добитник во 32-то коло е Нирнберг иако и по победата против Дусибург од 2 спрема 0 се уште е 16-тото место. Одбранбениот играч Андреас Волф:

„Ако денеска потфрлевме ќе беше претешко. Сега сме на дофат до брегот на спасот„.

Во Дуисбург се чини веќе никој не верува во тоа. Голманот Том Штарке:

„Кога кај диркетен конкурент ќе се најдеш во таква ситуција тогаш за горчливоста нема зборови„.

Пораз доживеа и Билефелд, иако се сметаше на пораз кај првакот Баерн. 2 спрема 0. Играчот Ридгер Кауф:

„Се е во наши раце. Имаме бод предност пред последните натпревари„.

Котбус има два бода предност по нерешнеиот исход во Карслруе од 1 спрема 1. Росток практично е готов. Загуби од Хановер со 3 спрема 0 и има пет бода помлаку од местото за спас. Кој уште може да се надева?

Што се случува на врвот? Баерн е првак уште од неделата. Дерби на колото беше Хамбургер против Вердер. Со еден гол Вердер се врати на второто место што води директно во Лигата на шампионите. Тренерот Томас Шаф:

„Честитки за екипата. Тежок натпревар, но со играта сами се наградивме„.

Хамбургер ќе мора да се задоволи со настап во купот на УЕФА.

Третиот најсилен во пролетната сезона Волфсбург може да се надева на истото. Го победи на гости Франкфурт со 3 спрема 2 и сега чека нов кикс на Беар од Леверкузен кој синоќа дома загуби од Берлин со 2 спрема 1. Публиката бараше оставка на тренерот Михаел Скибе:

„Се разбира стојам на располагање: јас сум одговорен, јас сум теренер на екипата. Тоа е сосема нормално во овој бизнис„.

И уште два резултата од вторникот: Шалке го победи Бохум со 3 спрема 0 и судејќи по се ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а Борусија го победи се уште актуелниот шампион Штутгарт со 3 спрема 2.