1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Бродолом на политика на Меркел“

Зоран Јордановски/дпа/ртрд7 мај 2012

Германската влада предупредува од промена на договорениот курс во Европа во однос на преземените обврски за штедење

https://p.dw.com/p/14r7d
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во Германија владејачката ЦДУ (Христијанско-демократска унија) на канцеларот Ангела Меркел не е подготвена на промена на политиката. По изборните резултати во Франција, каде победи социјалистот Франсоа Оланд, и во Грција каде голем изборен успех постигнаа противниците на мерките за штедење, од владејачката германска партија велат дека фискалниот пакт мора да се почитува.

„Не можам да замислам повторно да мора да се преговара за фискалниот пакт. Во Европа не можеме така да работиме, по секои избори веќе да не важат дотогашните спогодби“, изјави претпладнето Фолкер Каудер, шеф на фракцијата на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот. Спогодбата во некои земји е веќе ратификувана, потсети тој. Во Германија Бундестагот треба да се изјасни на 25 мај. Владината коалиција го нема неопходното двотретинско мнозинство. Карстен Шнајдер, претставник за буџетски прашања на опозиционите социјалдемократи предупреди дека поседиците од фискалниот договор се’ уште се сосем нејасни, оти уште нема решенија за битни елементи од страна на Комисијата на ЕУ.

Еден од „петтемина мудреци“, тело од економски експерти кое го советува канцеларот, Петер Бофингер, смета дека стратегијата на владата на Ангела Меркел доживеа бродолом. Делумно екстремно високата невработеност, посебно кај младите, што е последица на курсот на штедење, „претставува голема опасност за политичката стабилност и истовремено за поддршката на граѓаните за ЕУ“, смета Бофингер.