1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бројни пречки за почнување бизнис

6 мај 2008

Една третина од компаниите во Македонија, анкетирани од страна на Германско – македонското стопанско здружение ја оценуваат економската состојба во земјата како лоша, само 3 насто сметаат дека бизнис климата е добра

https://p.dw.com/p/DuIX
Министерство за економија: треба да се создадат поповолни услови за стопанисувањеФотографија: Petar Stojanovski

Најбројни се компаниите, дури 63 процентиод вкупниот број, кои го оценуваат деловниот амбиент како задоволителен и ги критикуваат бројните пречки за почнување бизнис во Македонија. Станува збор за анкета спроведена во февруари, врз македонски и странски фирми во Македонија, голем број од нив германски. Претседателот на македоснко германското стопанско здружение Манфред Ненхаус вели дека се радува на фактот што компаниите и натаму се задоволни од деловната клима во Македонија и што добар дел од нив сметаат дека економската состојба сега е многу подобра од 2007 и 2006 година, но германскиот бизнисмен вели, рамковните услови се уште претставуваат сопирачка за поголеми странски инвестиции.

- Мислам дека претпријатијата секогаш земаат предвид повеќе фактори. За овој регион важни се следните. Косово, изборите и случувањата во Србија. Фирмите секогаш имаат регионална перпеспектива, тоа подразбира на пример намалување на царините во регионот, усогласување на законите во регионот. Не треба одлуката за инвестирање да се сведе само врз тоа дали Македонија е или не е членка на НАТО, вели Манферд Ненхаус, шеф на македонско германското стопанско здружение.

Низа забелешки, но и позитивни трендови

Германските компании им даваат слаби оценки на правната сигурност, ефикаснонста на јавната администрација, борбата против корупцијата и криминалот, транспарентноста во јавните тендери и економско политичката предвидливост. И покрај овие недостатоци, забележливи се позитивни трендови. Германските фирми се се‘ повеќе заинтересирани за нови или дополнителни инвестиции во Македонија, вели Елизабет Мулер од германската амбасада во Скопје.

- Ние како германска амбасада можеме да констатираме дека се зголемува интересот на германските компании за инвестирање во Македонија. Тоа особено беше видливо за време на неодамнешната посета на германскиот претседател Хорст Келер на Македонија, кога бројните бизнисмени што го придружуваа наведоа конкретни примери и планови за инвестирање во Македонија, вели германската дипломатка.

Бизнисмените би останале во Македонија

Маркус Занети, претставник на германското стопанство за Балканот е задоволен од одговорот на прашањето содржано во анкетата - дали претприемачите од Германија како бизнис дестинација повтороно би ја избрале Македонија или би се одлучиле за некоја друга?

Мнозинството одговориле дека би останале во Македонија, што значи дека Македонија има позитивен развој. Многу работи се сторени, многу работи треба да се подобрат но резимирано кажано, Македонија е на добар пат.

Германските компании и‘ порачуваат на новата влада серизно да се зафати со создавање на подобри услови за привлекување на странските инвеститори.