1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бројот на банкроти во Европа расте

4 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AeS7
Бранот банкроти и годинава со цела сила треба да се струполи врз Германија. И покрај конјуктурното опоравување, банкрот ќе мораат да прогласат околу 42 илјади фирми, вели Хелмут Редл од Здружението Кредитна реформа.

Германските и западноевропските претпријатија се надеваат на економско опоравување. Според проценката на Редл - расположението се подобрува, но ситуацијата би можела да биде и подобра. Главна причина за несолвентноста на пред се' малите и средни претпријатија која се очекува годинава, според Редл е:

"Проценката за тековнава година е дека мора да се смета со натамошен пораст на несолвентноста. Стабилноста на средните претпријатија, финансиското кредитирање на тие фирми е проблем број еден. На претпријатијата им снемуваат пари и тешко им е да преживеат. "

Бројот на банкроти во западна Европа во годината што измина се зголемил за 3,9%. Германија, заедно со Франција, води. Во Европа се загубени 1,7 милиони работни места, а околу 15% од нив се должат на несолвентноста на фирмите. Сепак, има и светли точки. Пред се' добро се котираат скандинавските земји. Во Велика Британија бројот на банкроти е намален за повеќе од 8%, а во Ирска дури за цели 16%.