1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бројот на баратели на азил во Германија е малку намален

ЕМФ/www.bmi.bund.de18 јуни 2013

Во Германија во мај азил побарале 7.477 лица, или 63 лица помалку отколку во април. Бројот на баратели на азил од Македонија, пак, е зголемен од 247 во април на 280 лица во мај.

https://p.dw.com/p/18rk8
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Барателите на азил од Македонија, според бројот на лица кои првпат поднесле барањез а азил во Германија, се седми на листата. Најголем е бројот на баратели на азил од Руската Федрација - 2.502, по што следуваат граѓани на Сирија - 728, Авганистан - 500, Србија - 400, на Иран - 352 и на Пакистан - 317. Бројот на барателите на азил од Македонија, според податоците на Министерството за внатрешни работи, во мај се зголемил за 33-ца во споредба со април 2013-та. Во март, пак, имало речиси двојно помалку баратели на азил од Македонија отколку во мај - 148.

Ако се погледнат бројките на баратели на азил од јануари досега, Македонија со 1.003 лица е на осмо место. Бројот на граѓани на Србија кои побарале азил во Германија, во истиот период, е двојно поголем - 2.149 лица.