1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бројот на жртвите од поплавите расте - Путин вети помош

АТ/ афп/ ртр8 јули 2012

Најмалку 150 луѓе го загубија животот во големите поплави што го зафатија југот на Русија. Претседателот Владимир Путин најави проверка дали биле преземени сите мерки за заштита на населението.

https://p.dw.com/p/15TZj
Фотографија: picture-alliance/dpa

Само во округот Кримск пронајдени се 130 тела на загинати, изјави портпарол на полицијата. Единаесет жртви се пронајдени во одморалиштето Гелендшик на Црното Море и пристанешниот град Новоросијск. Жителите не регионот Краснодар во текот на ноќта ги изненадија силните врнежи кои предизвикаа поплави. Надлежните власти оценуваат дека ова е една од најголемите природни катастрофи во регионот со децении. Се проценува дека во погодениот регион, во текот на ноќта кон саботата (06/07.07), за само неколку часови наврнало толкаво количество дожд, колку вообичаено за неколку недели. Според податоци на министерството за заштита од катастрофи, во регионот околу 29.000 луѓе останале без струја.

По природната катастрофа претседателот на Русија Владимир Путин најави проверка на кризниот менаџмент на властите. Ќе се испита дали било сторено доволно за безбедноста на населението, изјави Путин при посетата на погодениот регион. Исто така ќе се провери дали надлежните органи навреме го информирале населението. Ќе се испитаат и претпоставките на жителите на градот Кримск дека преплавувањето на државните резервоари за вода придонесле за високиот водостој. Рускиот претседател Путин исто така најави финансиска помош за жртвите.