1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бројот на загинати во Најроби постојано расте

СН/ЕМФ/афп/миа/дпа21 септември 2013

Крвава драма во главниот град на Кенија - кенискиот Црвен крст соопшти дека најмалку 22 лица се убиени во денешниот (21.09) вооружен напад во луксузниот трговски центар во Најроби.

https://p.dw.com/p/19lbC
Фотографија: Reuters

Бројот на жртвите во воружениот напад во еден трговски центар во Најроби, престолнината на Кенија, континуирано се зголемува.

Според изјави на очевидци, нападот го извршиле пет вооружени лица кои влегле во Вестгејт трговскиот центар и отвориле оган.

Напаѓачите притоа користеле калашникови и гранати, а по пристигнувањето на полицијата дошло до жестоки престрелки.

Во центарот стигнале и специјални полициски сили, а се слушаат и експлозии на гранати. Можно е да станува збор за чадни бомби кои ги користи полицијата.

Очевидци исто така тврдат дека напаѓачите по влезот во трговскиот центар на муслиманите им рекле да си одат и дека ќе пукаат само врз немуслимани.

Nairobi Kenia Afrika Schießerei Amoklauf Einkaufszentrum
Фотографија: Reuters

Местото на нападот го надлетуваат и полициски хеликоптери, а специјалците ги бараат напаѓачите. Неколку луѓе се изнесени со полесни повреди, а напаѓачите наводно држат и заложници. Очевидци велат дека тие најверојатно се наоѓаат на третиот кат на центарот додека полицијата ги има заземено првите два.

Министерот за внатрешни работи на Кенија рече дека е можно да се работи за терористички чин. Инаку, една милитантна група се закануваше дека ќе го нападне овој трговски центар, но засега никој не ја презел одговорноста за нападот. Локалните, но и светските медиуми, повикувајчи се на изјавите на очевидци, претпоставуваат дека напаѓачите се Сомалијци.