1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугаринот денес живее подобро?

А. Ненкова / Е.М.Фиданоска30 август 2012

Дали денес бугарските граѓани живеат подобро отколку пред 40 години? Сред актуелната криза многумина би одговориле негативно, но би згрешиле - бројките велат дека се живее подобро!

https://p.dw.com/p/160Cp
Фотографија: AP

Дали бугарскиот стандард оди по нагорна линија? Економистите категорично одговараат со ДА, наспроти проблемите што ги носи кризата. Руслан Стефанов од Центарот за следење на демократијата вели дека кризата предизвикала кратење на приходите, но ако најдобрите години од социјализмот се споредат со актуелниот период на криза, ќе се утврди дека и покрај стегањето на ременот, се живее подобро, вели економистот Николај В‘лканов од Институтот за пазарна економија. Експертот цитира податоци од истражувања на институтот со кои прави споредба на стандардот на живеење во 1972 година, која се смета за „врвна точка“ на социјализмот и 2010 година, во која доходот на населението веќе почнува да страда поради кризата.

Bulgarische Lew
Фотографија: picture-alliance / Lehtikuva

Од компот кон кашкавал

Институтот за пазарна економија располага со податоци за буџетот на бугарските домаќинства од 1925 година. Бројките велат дека во 1925 година градското население 43,4 проценти од своите приходи ги давало за храна. Во 2010 година, расходите за храна изнесувале 36,4 проценти. Пред 85 години менито на Бугаринот се состоело во основа од леб и млеко, а денес во топ-три производите се кашкавалот, пилешкото месо и печеницата.

Николај В‘лканов нагласува дека е факт оти социјализмот обезбедил многу подобар стандард на живот во споредба со царството Бугарија, но исто така е факт и дека во последните 20 години стандардот продолжил да се качува нагоре. Куповната моќ на Бугарите денес е поголема за 20-45 проценти во споредба со 1972 година.

Symbobild - Essen in Bulgarien
Фотографија: Fotolia/ecobo

Десислава Николова од Инситутот за пазарна економија дополнува дека бројките велат оти Бугарите се хранат побогато и поздраво и трошат помалку пари за храна. Таа тенденција е присутна и за стоки како облека и обувки. Но, истовремено, се зголемуваат расходите за стоки и услуги кои се исто така важен индикатор за стандардот - здравствени услуги, телекомуникациски услуги, хотелски ноќевања и друго. Се зголемуваат и расходите за комунални услуги, но тоа не е последица на зголемените приходи на граѓаните, туку повеќе на немањето конкуренција во тие сектори.