1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарски полицајци на улиците на Дортмунд

Билјана Михајлова/ Симе Недевски30 октомври 2013

Голем број граѓани на Бугарија, главно Роми, спас од сиромаштијата засилено бараат во Германија. Како граѓани на ЕУ тие имаат право да останат во земјата. Но можности за заработувачка и тука има премалку.

https://p.dw.com/p/1A7hl
Фотографија: DW/B. Mihaylova

Бугарските полицајци по вторпат се во Дортмунд, градот во кој од 2007 година наваму, отакако Бугарија стана членка на ЕУ, доаѓаат сѐ повеќе сиромашни луѓе, главно Роми од Пловдив, односно од ромската населба Столипиново. Дортмунд во 2011 година имаше големи проблеми со уличната проституција. Во справувањето со неа беше потребна помош од татковините на проститутките.
Проституцијата сега не е веќе проблем, но полицијата во Дортмунд и натаму има големи проблеми со крадците кои се главно од Бугарија и кои влегуваат во домови, ограбуваат луѓе на улива или пак крадат метал. Поради тоа од Бугарија дојдоа двајца полицајци, кои не само што зборуваат бугарски туку и добро го познаваат менталитетот на овие криминалци. „Препознав некои лица“, вели Атанас Георгив, полицаец од Пловдив, кој во Дортмунд дојде заедно со својот колега од Софија, Димитар Димитров. Инспектор Георгиев веќе 15 години работи во ромскиот дел во Пловдив- Столипиново и е уверен дека неговата работа во Дортмунд нема многу да се разликува од онаа дома.


Секој петти Бугар има кривична пријава

Бугарски и германски полицајци патролираат во Дортмунд, во цивил и без оружје. Тие се вооружани со познавање на луѓето и структури, вели управникот на полициската станица во северен Дортмунд, Детлеф Рат. Тоа е многу корисно за градот во кој меѓу околу 1.700 Бугари има 300-350 осомничени криминалци. „Тука, во северниот дел од градот има најголеми проблеми“, вели шефот на полицијата во Дортмунд Норберт Веселер, кој очекува дека со соработката со колегите подобро ќе се подготват за наредната година - кога Романците и Бугарите ќе ги имаат сите права во ЕУ. „Ние како полиција не знаеме уште колку Бугари ќе дојдат кај нас, сакаме да бидеме подготвени.“

Идејата за соработка потекнува од Бугарите кои не сакале да гледаат со скрстени раце како се мачат нивните колеги во Германија со сиромашните мигранти. Наскоро ќе стигнат и социјални работници, бидејќи бугарските мигранти не зборуваат германски и не можат сами да ги пополнуваат формуларите. Тоа е меѓу останатото причината поради која тие стануваат жртви на мафијашките структури и криминалот расте, вели докторката Марите Хетмајер, за искуството на градските власти. „Кога луѓето ќе дојдат овде, мораат да плаќаат сѐ, на секој чекор. А поради тоа што немаат пари, и кога ќе сватат дека нема да најдат нормална работа, се наоѓаат во тешка ситуација. Оние кои од нив бараат пари се настојчиви и така тие се принудени на криминал.“ Таа вели дека никој веќе не сака да живее во тој дел од градот во кој се мигрантите, па кириите паднале драстично.

Не знаат ништо, а сакаат работа

„Мораме да се грижиме за луѓето кои живеат тука“, вели Диане Јегерс од градските власти. Тие бариери треба да исчезнат, вели Јегерс. Марита Хетмајер смета дека тој страв намерно го создаваат посредниците кои ги доведуваат Бугарите во Дортмунд или таму наводно им пружаат помош. Додава дека познавање на јазикот и квалификации се неопходни за добивање работа и мигрантите ги споредува со дете кое ништо не знае- а сака работа.

Atanas Georgiev und Dimitar Dimitrov bulgarische Polizisten in Dortmund
Фотографија: DW/B. Mihaylova
Mallinckrodtstraße in Dortmund Zuwanderer aus Bulgarien
Фотографија: DW/B. Mihaylova