1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бум на био храната

30 ноември 2004

Побарувањата на билошка храна во Германија доживуваат бум и се повеќе луѓе се определуваат за здрава исхрана. Био-супермаркетите се полни, па дури и во дискаунт синџирите Алди или Плус во асортиманот имаат био-житни производи или био – домати.

https://p.dw.com/p/AePr

Благодарение на сканадалот со кравјото беснило и на птичјиот грип производителите на био-храна во минатата година касираа зголемени приходи. Па сепак, голем број био-земјоделци во Германија се борат да преживеат.

“Во био-продавницата во Бон постојано владее влези-излези. Млади, постари дами и семејства со мали деца се туркаат меѓу добро наредените регали:

“Постојано купуваме био-продукти зашто се важни за малите деца на кои треба да им се обезбеди здрава храна“.

Благодарение на верните купувачи и долгогодишните контакти био-земјоделецот Хелго Шмит нема причини да се жали. Тој најде свое шкафче на жестоко конкурентскиот био-пазар: директна продажба на неговиот лично произведен зеленчук и викенд сервис за испорака кои му обезбедуваат редовни приходи. Други такви производители напротив имаат малку позитивно искуство. Маркус Рипин од централниот пазар за земјоделски производи тврди:

“Био-земјоделците во Германија во последните години произведуваат повеќе, но мораат да сметаат на опаѓањето на цените, па затоа војуваат и со намалени приходи“.

Вистина, во Германија секоја година се продаваат се повеќе био-производи, а според експертите, побарувачката и натаму ќе расте. Меѓутоа, статистиките покажуваат дека био-земјоделците малку профитираат од таквиот тренд. Од поодамна странските био-земјодлеци извојуваа свое место на германскиот пазар. Повторно Маркус Рипин:

“Пред се поради цените германските земјоделци не можат да го зголемат учеството на пазарот, туку повеќе губат. Имено, странските стоки во некои земји се произведуваат поефтино и затоа се нудат со поповолни цени. Оваа трка со цените води кон тоа германските стоки да ги има помалку“.

Некои био-земјоделци се бунтуваат дека европскиот био-печат ја намалува вредноста на високиот германски производствен стандард што ги намалува локалните цени. На трговијата и е поедноставно да купува поефтини био-производи од странство. Хелго Шмит меѓутоа, смета дека станува збор за паушални оценки:

“Мора детално да се посматра. Мора да се види дека ако станува збор за житен производ при што некој колега е незадоволен од цената, па вели: јужно-францускиот земјоделец и покрај нискиот квалитет поради био-печатот може да продава поефтино. Постои предноста на местото, но тоа не помага, па мора да се размисли што може да се подобри за мојот производ да биде поатрактивен“.

Во, секој случај, био-земјоделските производи имаат иднина. Се ќе зависи и од подинечниот ангажман како оној на Хелго Шмит кој е задоволен од постигнатото.