1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бум на прозиводството на био-храна

9 мај 2007

Во Европа, Германија е наголемиот пазар за био-производи. Прометот во 2005 достигна околу 4 милијради евра. Меракот за био, патем, е незапирилив. Големата побараувачка тера се повеќе земјоделци и сточари да го пренасочат производството, барем така се чини. Меѓутоа, во стварноста, нивниот број не расте особено.

https://p.dw.com/p/AeIZ
Како до повеќе био-храна со висок квалитет?
Како до повеќе био-храна со висок квалитет?Фотографија: DW-TV

Пет часот попладне кај сточарот Алфред Херман е време за молзење. Во неговата штала кравите се сместени во големи боксови, спијат врз слама и јадат здрава храна. Алфред Херман е био-сточар:

„Се уште сме во фаза на пренасочување. Дури од пред два месеца произведуваме био-млеко„.

Херман целата фарма ја пренасочаи кон био-производство. На тој начин е во трендот, вели Бернхард Риб од земјоделската комора на Северна Рајна Вестфалија:

„Бројот био-земјоделци расте со години, но во последните две не толку бргу како што расте побарувачката. А, токму таа експлодираше во последните две години во што се вклучија и дисконтите и нудат такви производи„.

Се промени и класичниот био-пазар. Порано таквите производи можеа да се купат само во продавниците за таканаречени природни продукти или директно кај земјоделците. Сега ги има и во дисконтите како Алди, Лидл и компанија. Во регалите има производи со био-печат. Со нивната појава во дисконтите, се зголеми и побарувачката. Посебно се бараат млеко, зеленчук, овошје, компири и јајца. И покрај побарувачката, нивните цени опаднаа за што одговорноста Риб ја порефла врз дисконтите:

„Кога луѓето купуваат био во дисконтите, тогаш посебно гледаат во цените. Тоа доведе до тргување со био-производите според цени за кои во Германија не може да се произведуваат„.

Био-земјоделците имаат повисоки трошоци од конвенционалните. Ова го забележа и Алфред Херман кога се префрли врз производство на био-млеко:

„Префрлувањето е потешко зашто мора да користи само био-храна за стоката, а тоа во однос на конвенциналната храна е двојно поскапо. Потоа видов дека добивката е скоро иста како порано„.

Инаку, во Германија со закон е пропишано дека фазата на премин кон био-прозиводство трае две години. Германските земјоделци смета да ги продаваат своите производи како био дури по истекот на тие две години. Така, енормната побарувачка во наредниот период не ќе може да биде задоволена само од био-земјоделците и сточарите. Алфред Херман верува дека тој проблем може да доведе до опаѓање на квалитетот:

„Како ќе биде задоволена био-побарувачката? Можеме само да се надеваме дека вистина ќе се продаваат био-производи. А, ако има разлики во цените, причина е непридржувањето кон законските норми„.

Намалување на строгоста на мерките би можело уште повеќе да води кон тоа. И Европската унија би можела до придонесе за тоа зашто нејзините мерки се помалку строги во однос на сегашните германски.

Бернхард Риб гледа уште еден проблем: и во странство се произведуваат био-продукти со понизок квалитет, и затоа со поповолни цени. Од тие причини во Германија расте побарувачката на био-производи од странство:

„Германските земјоделци сега мораат да се соочат со конкуренцијата од странство. Прво, затоа што био-производите не доаѓаат секогаш од блиското соседство. Второ, постои европска правна насока за еколошки производи. Кој се придржува кон нив, смее својата стока така да ја нарече. Овде стигнува стока од северна или јужна Америка или Африка и ја засилува конкуренцијата, но со послаб квалитет„.

Сепак, сточарот Алфред Херман е решен да продолжи според сегашните построги норми. Или био или ништо, гласи неговата девиза.