1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бум на хотелиерството во Кина

11 март 2007

Кина – егзотичната затворена земја. Оваа слика одамна му припаѓа на минатото. Економското чудо донесе бум и во туризмот.

https://p.dw.com/p/AeJ7
Хотел Шангри Ла, Пекинг
Хотел Шангри Ла, ПекингФотографија: 2004 Shangri-La Hotels & Resorts

Герхард Цимер е еден од пионерите во кинеската хотелска бранша. Пред 15 години во Шангај ја водеше изградбата на првиот хотел на Акор групата во Кина, денес е веќе во трката за Олимпијадата во 2008 во Пекинг каде што битка водат најголемите хотелски синџири:

„За олимписките игри ќе имаме околу 4 илјади соби. Кокурентската битка е жестока. Веќе сега се прават договори за хотелите што треба да бидат отворени за игрите. И ги продаваме, иако не се готови„.

Најголеми ривали на француската група, во моментов број шест на листата најуспешни хотелски синџири во Кина, се Американците: Интерконтинентал е на второ место, зад кинескиот Јинјианг концерн.

Во Шангај во моментов има 35 нобел - хотели со 5 ѕвездички, со пополнетост од околу 70 проценти. Што ќе се случи по Експо 2010 е голем прашалник и синџирот тоа малку го интересира, вели Роберт Гасер од хотелот Ренесанс:

„Само Марио во моментов гради уште 4 хотели. Истото важи и за Јамара. Тоа е првиот арапски хотел и ќе има 6 ѕвездички. Сега зборуваме за 15 хотелски синџири, но кога и да е ќе биде достигнат зенитот„.

Николаус Елрот од Берлин веќе 10 години работи во Кина. Во Шангај има сервис за резервации на хотели и се восхитува од тоа колку нови луксузни хотели се градат:

„Има места кои во целост се надреалистички. На пример Донгуанг. Поседува цела низа хотели од пет ѕвездички што ги нема скоро никаде во светот„.