1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот ги заборава „своите“ Авганистанци?

Васлат Хасрат-Назими/ Симе Недевски19 мај 2013

Што ќе се случи со нас кога ќе се повлече Бундесверот? Повеќето преведувачи кои работат за германската војска во Кундуз стравуваат од губење на работата, но и од талибанците кои ги сметаат за предавници.

https://p.dw.com/p/18aeQ
Фотографија: DW/Y.Sherzad

Асадулах Резван беше преведувач. Договорот не му е продолжен. „За Бундесверот работев повеќе од 4 години. Поради соработката со германската војска една група бунтовници има намера да ме киднапира. Ми се јавуваат и ми се закануваат“, вели Резван. Германските политичари побараа Авганистанците кои работат за Бундесверот да не се остават на цедило и да им се дозволи да дојдат во Германија. Германскиот министер за надворешни работи Ханс-Петер Фридрих, во интервју за германското радио Дојчландфунк вети помош за локалните соработници од Авганистан.

„Случаите мораат да се испитаат одделно. Ако во Авганистан некој кој работел за Германија е во опасност, тогаш секако, од хуманитарни причини, може да дојде во Германија. Нормално дека има и такви кои сакаат да се вработат каде било и кои едноставно сакаат да ја напуштат опасната зона. Тоа исто така го поддржуваме. Никого нема да го оставиме на цедило“, изјави Фридрих.
Токму такво чувство имаат Авганистанците кои работеле за Бундесверот. „На Германците во повеќе наврати им обрнавме внимание дека сме загрозени. Меѓутоа, не реагираа. Ние сме во домашен притвор бидејќи не може да ни се гарантира безбедност. Од Германија бараме да ни понуди решение. Ако не сакаат да ни помогнат, тогаш би требало тоа да ни го кажат“, вели Резван.

Hannover - Innenminister Friedrich begrüßt irakische Flüchtlinge
Германскиот министер за надворешни работи Ханс-Петер ФридрихФотографија: picture-alliance/dpa

Бундесверот ги отфрла обвинувањата

Потполковникот Марко Шмидл, командат на ИСАФ единиците на северот на Авганистан, ги отфрла обвинувањата дека Бундесверот не се грижи за соработниците од таа земја. „Ние не сме тие кои носат одлуки. Сите примени барања ги праќаме понатаму. Повеќе не можеме да сториме“, вели Шмидл.
Меѓутоа, властите во Германија не сакаат пребрзо да донесат одлуки. Мисијата на Бундесверот во Авганистан завршува на крајот на 2014. година.
„Во Авганистан не е се' ни така добро, но ни така лошо. Кога станува збор за развојната политика, на Германија и натаму и' е потребна поддршка од локалните сили. Тоа и понатаму важи за Бундеверот“, истакнува Кристијан Шмит, секретар во Министерството за одбрана на Германија.

Кабул го кочи заминувањето 

Но такви личности и‘ се потребни и на авганистанската влада. Јанан Мосазаи, портпарол на владата во Кабул вели дека Владата нерадо се откажува од соработниците на ИСАФ: „Такви стручни лица ни се потребни: поради нивното искуство, и познавање на странски јазици. Тие се составен дел од обновата во Авганистан и тоа веќе им го кажавме на земјите во кои тие лица поднеле барања за азил.“
Асадулах Резван тоа не го прифаќа. Авганистанската влада, тврди тој, не може да го заштити него и неговото семејство. Но Резван е пред се' разочаран од Бундесверот: „Со Бундесверот тогаш направивме договор бидејќи мислевме дека за возврат ќе се грижат за нас. Да знаев дека ќе не‘ остават на цедило, никогаш не би ни почнал да соработувам со нив.“
Потполковникот Шмит оценува оти локалниот персонал има големи очекувања кои не се реални. Многумина мислат дека е тоа едноставно. „Денес велат оти им се закануваат и веќе утре се на пат за Германија. Меѓутоа, тоа не е така едноставно“, вели Шмидл.
 

Übersetzer der Bundeswehr in Kundus Protest
Фотографија: DW/Y.Sherzad