1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот останува во Авганистан

20 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anx6

Бундесверот ќе ја продолжи мисијата во Авганистан и по загинувањето на тројцата војници во вчерашниот самоубиствен напад. Германија нема да се колеба и по овој кукавички напад, да продолжи да ја поддржува обновата на Авганистан, изјави германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг во повеќе интервјуа. Атентаторот вчера изутрина се крена во воздух на пазар во северно-авганистанскиот град Кундус и покрај германските војници, уби и петмина Авганистанци. Одговорноста за нападот ја презедоа радикалните Талибанци. Денеска во градот Гардез на истокот од земјата се случи нов самоубистен атентат на пазар, при што беа убиени 6, а повредени 40 цивили.