1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

190110 Trikotsponsoring Bundesliga

22 јануари 2010

Во германското стопанство се’ уште е присутна кризата, но германскиот фудбал нема проблеми со спонзорството. Бундеслигата е европски шампион во приходите од рекламирање врз дресовите на фудбалерите.

https://p.dw.com/p/LdrJ
БундеслигаФотографија: AP

Екипите од германската Бундеслига во ова првенство остварија приход од реклами врз дресовите од вкупно 108,6 милиони евра, недостижна сума за англиската Премиер-лига или за италијанската Серија А. Од клубовите највисок приход во европски рамки оствари Баерн Минхен, со 20 милиони евра.

Дресот платформа за реклама

Дресот, барем во Германија, за претпријатијата е’ и останува атрактивна платформа за рекламирање - и покрај економската криза.„Речиси сите навивачи на еден клуб го знаат спонзорот, знаат кој се рекламира на дресот“, укажува Александер Краузе, од агенцијата „Спорт и пазар“ од Келн, која се занимава со истражување на овој специфичен пазар.

Fußball Bundesliga - VfL Wolfsburg gegen Borussia Dortmund
БундеслигаФотографија: picture alliance / dpa

Со оглед на големата медиумска застапеност на клубовите од Бундеслигата, спонзорството врз дресови доби првенствено значење. Дури и наводните мали клубови, како еден Бохум, на пример, постигнуваат за европски околности, високи приходи. „Со 2,4 милиона евра, што е најмал износ за склучен договор во ова првенство во Бундеслигата, во Шпанија или Италија би биле во погорниот дел, ако се погледаат договорите што се склучени таму“, вели Краузе.

Спонзорството е партнерство

Причина за ваквата ситуација се високите приходи од телевизијата, што ги остваруваат другите фудбалски лиги во Европа. Таму спонзорството врз дресови е споредна работа. Во Англија нов член на Премиер-лигата добива повеќе пари од телевизијата, отколку Баерн во Германија. Токму затоа добри договори за спонзорство се од огромна важност за германските клубови. На спонзорството тие гледаат како на еден вид партнерство. „Да, ние сме во ист чамец. Ако нам ни оди добро, им оди и ним. Ако ним им оди лошо, следат изјави од типот ’каков ви е тој главен спонзор?‘ Тоа е секогаш и земање, и давање. Ако се прави професионално, тогаш е и поиздржливо, поотпорно на кризи во меѓусебните односи, но тие односи треба и да се негуваат“, вели Мајнолф Шпринк, шеф за комуникации во Бајер Леверкузен.

Fußball Bundesliga - 1. FSV Mainz 05 gegen VfB Stuttgart
БундеслигаФотографија: AP

Фирмата - дистрибутер на енергија, која е партнер на клубот од Леверкузен, од почетокот на спонзорството успеа да го наголеми бројот на муштериите на кои им испорачува на енергија од 20 илјади на 600 илјади! Нормално, договорот за рекламирање врз дресовите на Бајер е веќе продолжен.

Значи, ни трага од криза. На Германците, барем во спонзорството врз дресови, им успеа она, што во поново време не им успева на спортски план - тие се европски шампиони!

Автор: Томас Клајн/Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска