1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундеслига: Келн освои бод против Баерн во Минхен, Штутгарт запрен во Бохум

1 декември 2003
https://p.dw.com/p/AeoV

Белег на 14-тото коло на Бундеслигата му даде нерешениот резултат 2 спема 2 што Келн го оствари на гостувањето кај официјалниот шампион Баерн во Минхен. Гостите поведоа во првиот дел, Баерн стигна до резултатски персврт и водство од 2 спрема 1, но тоа не ги деморализира играчите на последнопласираниот тим, кои во финишот дојдоа до бод кој може многу да им значи пред се' во психолошки поглед. "Во првото полувреме имавме 2-3 добри шанси. Мора да се каже дека и Баерн имаше прекрасни можности. Бодот не е украден, тимот го заслужи", рече тренарот на Келн Марсел Колер, кој имаше смелост пред средбата да побара од своите играчи да се вратат непоразени од олимпискиот стадион во Минхен. Келн останува цврсто закован на последното место со три бода помалку од Херта Берлин и Ајнтрахт Франкфурт. Додека за Ајнтрахт победата против Волфсбург (3 спрема 2) носи мало олеснување, поразот на Херта дома од Шалке (3 спрема 1) повторно значи енормен притисок врз тренерот Хуб Стивенс, кој меѓутоа нема намера да поднесе оставка, бидејќи, како што вели, "тоа не е својствено на неговата природа". Резултатите на Шалке, и покрај оваа победа, далеку заостануваат зад очекувањата сврзани со доведувањето на Јуп Хајнкес за тренер, по неговите успеси во Шпанија, каде меѓу другите го тренираше и Реал Мадрид. За Борусија Менхенгладбах победата над Кајзерслаутерн (2 спрема 1) е втор последовен полн погодок и можеби означува совладување на кризата. Ханза во Росток оствари важен успех во борбата за опстанок против нестабилната Борусија Дортмунд (2 спрема 1), која го губи чекорот со екипите од врвот на табелата. хановер го декласира Фрајбург (3 спрема 0) и се приклучи кон "златната средина" на прволигашкото друштво. Водечкиот Штутгарт оствари само половичен успех - 0 спрема 0 во Бохум. Може ли тоа да го чини многу во борбата за врвот? "Тоа се мали бодови што ни фалат. Треба да се сочека што ќе се случува во наредните недели. Се надевам дека се' ќе испадне добро", смета напаѓачот Кевин Курањи. Штутгарт имаше среќа бидејќи и неговите конкуренти не поминаа подобро и не профитираа од нерешениот исход на челниот тим - само по бод освоија и Баер Леверкузен дома против Минхен 1860 (2 спрема2), како и Вердер на соседското дерби кај Хамбургер (1 спрема 1).