1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестагот изгласа зголемување на ДДВ

20 мај 2006

Германскиот парламент синоќа ја усвои најголемата даночна реформа во историјата на земјата. Од 1 јануари наредната година германците наместо досегашните 16, ќе треба да плаќаат 19% данок на додадена вредност. Опозицијата остро ја критикува одлуката и предупредува дека таа чќче се одрази сериозно врз џебот на потрошувачот и немада предизвика економски пораст

https://p.dw.com/p/AeLn
Од дебатата во Бундестагот
Од дебатата во БундестаготФотографија: AP

Данокот на додадена вредност во Германија последен пат беше зголемен пред осум години и тоа од 15 на 16%. Шефот на партијата на Либералите, Гидо Ветсервеле смета дека зголемувањето од 3% е безсмислица која ќе го уништи економскиот пораст. На социјалдемократите тој им префрли дека работат спротивно од ветеното за време на кампањата во 2005

„ Спречете го како што напишавте зголемувањето на данокот и на 18 септември бирајте го СПД. Ги излажавте сите кои го дадоа гласот за вас. Тоа тука мора јасно да се каже„

Сојузниот министер за финансии Пеер Штеинбрик призна дека своевремено бил против зголемувањето на данокот, но мерката е неизбежна бидејќи немало друга алтернатива. Доколку државата во иднина нема дополнителни 22 милијарди евра годишно за јавните институции буџетот ќе доживее колапс. Влегуваме во една замка во која можеме многу да се задолжиме и од која нема да можеме да се извлечеме доколку не преземеме вакви мерки.

Шефот на фракцијата на левицата Грегор Гизи остро ја критикува одлуката и смета дека за лошата финансиска состојба во Германија најголема одговорност носи бившата владина коалиција на СПД и Зелените.

„ Дефицитите кои само ги направите сега сакате да ги намалите со зголемување на ДДВ. Тоа ќе го плаќаат невработените, пензионерите, работниците и тоа значи дека тос што им го подаривте на големите концерни и оние кои сакаат подобро да работат, сега сакате да го вратите од населението, а притоа не нудите никаква против услуга. Тоа социјално е неподносливо„

Гизи притоа мислеше на скратување на додатокот за пензиско из дравствено осигурување, како и осигурување во случај на невработеност. Дел од даночните реформи кои како што наведува владата наскоро треба да предизвикаат побрз економски пораст. Одлуката на 16 јуни треба да ја изгласа и Бундесратот.